Трагични мистерии од Холивуд кои со години никој не може да ги реши

Актерката Криста Хелм водела дневник во кој запишувала детали за нејзините интимни средби со моќните мажи и жени од Холивуд. Па, се верува дека токму овој дневник бил причина за нејзиното свирепо убиство…

tragichni-misterii-od-holivud-koi-so-godini-nikoj-ne-mozhe-da-gi-reshi-01.jpg

Со армија телохранители и домови на места каде што никој освен богатите нема пристап, мислиме дека моќните луѓе во Холивуд се недопирливи.

Но, реалноста е малку поразлична, па дури и во Холивуд се случувале свирепи убиства кои остануваат нерешени со децении.

Четири од нив во продолжение:

Криста Хелм

Кариерата на Криста Хелм не траела долго – во 1970-тите се појавила во неколку филмови и серии, вклучувајќи ја и првата сезона од Wonder Woman со Линда Картер во главната улога.

Но, Криста сепак била популарна меѓу колегите и наводно чувала дневник во кој ги запишувала имињата на сите моќни мажи и жени со коишто спиела. И, се претпоставува дека овој дневник би причина за нејзината смрт.

Во 1977 година, Криста била избодена и претепана до смрт пред нејзиниот дом во Холивуд.

tragichni-misterii-od-holivud-koi-so-godini-nikoj-ne-mozhe-da-gi-reshi-02.JPG

Полицијата почнала истрага и ги испрашала сите нејзини пријатели и познаници, но не успеале да го фатат убиецот.

Според некои теории, Криста се вплеткала со погрешни моќни луѓе кои можеби знаеле за нејзиниот дневник, па ја убиле за да не се разоткриени.

Постои и теорија дека бидејќи имала афери со многу мажи и жени, можеби била убиена од љубомора.

Иако таканаречениот „секс дневник“ се спомнува во секој натпис за неа, полицијата не успеала да го пронајде. Но, ова дополнително ги разгоре шпекулациите дека била убиена со цел да ѝ се одземе дневникот.

tragichni-misterii-od-holivud-koi-so-godini-nikoj-ne-mozhe-da-gi-reshi-03.JPG

The Notorious B.I.G.

Кристофер Волас, попознат како Биги Смолс или The Notorious B.I.G. во 1990-тите беше една од најголемите хип-хоп ѕвезди.

Во 1997 година, во Лос Анџелес, тој бил застрелан од маж во автомобил кој потоа избегал.

Една година претходно, на сличен начин беше убиен Тупак Шакур кој му беше како ривал на Кристофер. Поради ова, до денес постои верување дека двете убиства се некако поврзани.

Одовде потекнува и теоријата дека убиството на Кристофер е одмазда за смртта на Тупак.

tragichni-misterii-od-holivud-koi-so-godini-nikoj-ne-mozhe-da-gi-reshi-04.JPG

Иако ривалството меѓу Тупак и Кристофер било очигледно, досега не се најдени докази дека нивните убиства се поврзани.

Мајка му на Кристофер, пак, била сигурна дека во убиството е вмешана и полицијата во Лос Анџелес.

Случајот на Кристофер, исто како оној на Тупак, до денес се смета за нерешен.

tragichni-misterii-od-holivud-koi-so-godini-nikoj-ne-mozhe-da-gi-reshi-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg