Трагични мистерии од Холивуд кои со години никој не може да ги реши

Џони Стомпанато

Џони Стомпанато не бил холивудска ѕвезда, туку гангстер, но бил во врска со Лана Тарнер – една од најпознатите актерки од „златната ера“ на Холивуд. Нивната врска била насилна, односно Лана честопати била жртва.

Во 1958 година, Џони бил прободен со нож во домот на Лана.

Кога дошла полиција, 14-годишната ќерка на Лана изјавила дека таа го убила, во обид да ја заштити мајка си.

tragichni-misterii-od-holivud-koi-so-godini-nikoj-ne-mozhe-da-gi-reshi-06.JPG

Но, на ножот немало отпечатоци од прсти и надлежните верувале дека Лана била убиецот или бидејќи се скарале, или бидејќи сакала да стави крај на насилната врска. Ќерка ѝ, пак, ја презела вината бидејќи како малолетна девојка, ќе добие помала казна.

Сепак, бидејќи немало доволно докази, на крајот надлежните заклучиле дека девојчето делувало во самоодбрана, иако до денес е мистерија што точно се случило.

tragichni-misterii-od-holivud-koi-so-godini-nikoj-ne-mozhe-da-gi-reshi-07.JPG

Рони Чејсен

Рони беше познат публицист со долга кариера во Холивуд која помогна многу филмови да добијат Оскар.

Во 2010 година, додека се враќала дома во својот автомобил, била застрелана неколкупати и починала на самото место.

Најпрво полицијата претпоставувала дека станува збор за обид за грабеж, но нејзината чанта не била одземена.

tragichni-misterii-od-holivud-koi-so-godini-nikoj-ne-mozhe-da-gi-reshi-08_copy.JPG

Главниот осомничен бил маж по име Харолд Мартин, но кога полицијата скала да го пребара неговиот дом, тој извршил самоубиство.

Харолд бил осомничен бидејќи наводно самиот се пофалил дека добил 10.000 долари да ја убие Рони. Потоа си го одзел животот со истиот пиштол со којшто била убиена Рони.

Но освен истиот пиштол, немало доволно физички докази дека тој е убиецот, а со својата смрт, остави прашања кои до денес се неодговорени.

Погледнете и: Убиства, исчезнувања: Морничави нерешени мистерии поврзани со славни личности

tragichni-misterii-od-holivud-koi-so-godini-nikoj-ne-mozhe-da-gi-reshi-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg