Љубомора, долгови: Инфлуенсерки кои ладнокрвно биле убиени од картели (и зошто)
Бројни инфлуенсерки свесно или несвесно се вплеткале во картели, некогаш преку романтични врски, а некогаш и преку трговија со дрога. За жал, дел од нив завршиле трагично.
Минатата недела јавноста беше згрозена убиство на инфлуенсерка која беше нападната за време на видео во живо на ТикТок.
23-годишната Валерија Маркез од Мексико се снимала во живо на ТикТок во нејзиниот козметички салон, кога маж влегол внатре и ја застрелал.
Младата девојка веднаш им подлегнала на повредите, а според најновите информации, главниот осомничен е лидер на озлогласен картел во Мексико.
Но, најморничаво е што ова не е единствениот сличен случај каде што млада и убава инфлуенсерка станува жртва на картел. Низ годините, се случиле неколку слични убиства зад кои се верува дека стојат моќни картели.
Неретко ова се девојки кои биле поврзани со картелите, односно имале некаква врска со лидерот или некој од членовите.
Дел од најпознатите во продолжение:
Ленди Парага Гојбуро
Минатата година, 23-годишната инфлуенсерка и поранешна Мис на Еквадор беше убиена во градот Кеведо.
Се претпоставува дека убијците биле најмени од вдовицата на лидер на картел кој, пак, имал афера со младата девојка. Односно, инфлуенсерката веројатно била убиена поради љубомора.
Пред убиството, Ленди била во ресторан од каде споделила фотка на Инстаграм, па се претпоставува дека убијците така успеале да ја лоцираат.
Инфлуенсерката била убиена во ресторанот и била застрелана неколкупати. Нападот го извршиле двајца мажи – едниот стражарел пред влезот на ресторанот, додека другиот ја застрелал Ленди.
Иако убиството се случило среде ден, убијците до денес не се фатени.
Кеилани Бу
Мексиканската инфлуенсерка Кеилани Бу беше убиена во 2019 година, а се претпоставува дека и за нејзината смрт е одговорен картел.
Таа била застрелана во бар, во гратче во близина на Мексико Сити.
Не е познато каква била поврзаноста на инфлуенсерката со картелот, но истрагата покажала дека можно е самата да била дел од него.
Ова донекаде го потврдувале и објавите на Кеилани, која честопати се фалела со луксузниот живот на Инстаграм.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





