Која е инфлуенсерката што беше убиена за време на видео во живо на ТикТок и го потресе Мексико?

Таа си се снимала за на ТикТок, држејќи плишана играчка, давајќи совети за убавина од својот козметички салон во Мексико кога се случил нападот. Детали за трагичниот случај на Валерија Маркез, кој го згрози Мексико...

koja-e-influenserkata-shto-beshe-ubiena-za-vreme-na-video-vo-zhivo-na-tiktok-i-go-potrese-meksiko-01.jpg

Валерија Маркез е 23-годишна мексиканска инфлуенсерка која беше убиена на 13-ти мај додека се снимаше во живо на ТикТок во нејзиниот козметички салон.

koja-e-influenserkata-shto-beshe-ubiena-za-vreme-na-video-vo-zhivo-na-tiktok-i-go-potrese-meksiko-02.jpg

Таа е убиена од маж кој влегол во нејзиниот козметички салон во градот Гвадалахара и пукал во неа.

Мотивот за нападот сѐ уште не е утврден, но случајот се истражува како фемицид - убиство на жени и девојчиња поради нивниот пол, потврди обвинителството во Мексико.

koja-e-influenserkata-shto-beshe-ubiena-za-vreme-na-video-vo-zhivo-na-tiktok-i-go-potrese-meksiko-03.jpg

Насилството базирано на род е широко распространето во Мексико, каде според Организацијата на Обединетите Нации, секој ден се убиваат по 10 жени или девојчиња, најчесто од партнери или членови на семејството.

Неколку моменти пред нејзината смрт, Маркез седела на маса држејќи плишано животинче во својот салон во едно предградие.

koja-e-influenserkata-shto-beshe-ubiena-za-vreme-na-video-vo-zhivo-na-tiktok-i-go-potrese-meksiko-04.jpg

Неколку секунди подоцна, таа била застрелана, а видеото завршило дури кога друга личност го подигнала нејзиниот телефон за да го прекине преносот.

Според локалните медиуми, таа била убиена од маж кој се преправал дека ѝ носи подарок.

koja-e-influenserkata-shto-beshe-ubiena-za-vreme-na-video-vo-zhivo-na-tiktok-i-go-potrese-meksiko-05.jpg

Фановите на Валерија, која има повеќе од 200.000 следбеници на ТикТок и Инстаграм, со ужас реагираа на нејзината смрт.

Тие кои го гледале нејзиниот пренос во живо на ТикТок почнаа да споделуваат извадоци од таа снимка, која е отстранета од нејзината официјална страница по убиството.

Мексиканските медиуми пишуваат дека на видеото може да се слушне како Валерија вели дека нејзината пријателка Вивиан де ла Торе ѝ носела „скап“ подарок, што никогаш не се случило, и поради што таа чекала повеќе од еден час, сè додека не била убиена.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Се пресели во Мексико и заврши во затвор, има шизофренија - Пропаста на руската лизгачка Елена Гуљак... На врвот на кариерата со сопругот и тренер се пресели во Мексико, каде што отвор...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
„Лицето ми се деформира од паразит – си ги потрошив сите пари за да најдам лек, ми се уништи животот... Американска ријалити ѕвезда вели дека „закачила“ паразит во Мароко што ѝ го дефо...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...

Најчитани неделава