Љубомора, долгови: Инфлуенсерки кои ладнокрвно биле убиени од картели (и зошто)
Сабрина Дуран
Сабрина Дуран од Чиле себеси се нарекуваше „ТикТок нарко кралица“ бидејќи не криеше дека заработува преку трговија со дрога.
Но, и покрај ова, не е познато зошто 24-годишната Сабрина беше убиена.
Во 2023 година, Сабрина беше застрелана среде улица во Сантијаго, додека одела кон нејзиниот козметички салон.
Идентитетот на убиецот не е познат, но се претпоставува дека е од некој од картелите од Чиле веројатно бидејќи Сабрина должела пари.
Во 2022-ра, инфлуенсерката беше уапсена бидејќи самата била лидер на картел и добри тригодишна затворска казна.
Од 2021-ва почна да работи и како бјути инфлуенсерка и имаше над половина милион следбеници.
Беше убиена кратко по излегувањето од затвор.
Анџали Ријот
Анџали немала никаква конекција со картели, но сосема случајно се нашла среде престрелка во Тулум, Мексико.
25-годишната инфлуенсерка од Калифорнија се прослави со објавите од нејзините патувања, а во 2021-ва била во Тулум каде планирала да го прослави роденденот.
Но, додека била во бар, неколку лица од ривалски картели почнале престрелка, по што Анџали била застрелана и убиена.
Во истиот инцидент загинала уште една жена, а уште три лица биле повредени.
Тулум е познат како опасна област и на туристите им се советува да не ги напуштаат своите хотели, а до аеродром да одат само со такси препорачано од хотелот.
Туристите се предупредени и за честите престрелки и грабежи, односно инциденти слични како убиството на Анџали.
Прочитајте и: Која е инфлуенсерката што беше убиена за време на видео во живо на ТикТок и го потресе Мексико?
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





