Бизарно верување за надгробен споменик во Париз: Жени седнуваат на него и го бакнуваат, за плодност и исполнет сексуален живот
Телото на Виктор било преместено на гробиштата Père Lachaise во Париз, а за надгробниот споменик бил задолжен скулпторот Жул Далу.
Скулпторот сакал да го претстави новинарот во моментот кога умрел, па направил скулптура на која Виктор е во легната положба и изгледа како да паднал од истрелот.
Веројатно бидејќи сакал да ја направи скулптурата што е можно пореалистична, во областа на гениталиите има испакнатина, односно половиот орган на новинарот.
Во 1970-тите се родил митот дека ако жена ги допре гениталиите на статуата и ја бакне на устата, ќе биде плодна, но и дека ќе има среќа во сексуалниот живот.
Не е познато од каде потекнува верувањето, но факт е дека брзо се прославило бидејќи денес гениталиите и устата на статуата се со посветла боја од честото допирање.
Бидејќи посетителите на гробот се однесувале и непристојно, во 2004 година беше ограден.
Но, бидејќи јавноста негодуваше, надлежните сепак ја тргнаа оградата, па луѓето до денес го посетуваат споменикот, го допираат, седнуваат на него, но прават и невкусни фотосесии кои според многумина се непочитување за покојниот новинар.
Бизарно, зарем не?
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





