Бизарно верување за надгробен споменик во Париз: Жени седнуваат на него и го бакнуваат, за плодност и исполнет сексуален живот

На гробишта во Париз се наоѓа надгробен споменик на новинар кој порано бил симбол на отпорот против императорското владеење во Франција. Но, денес неговиот споменик е симбол за плодност, па жени ги допираат гениталиите на статуата, па дури и седнуваат врз неа.

bizarno-veruvanje-za-nadgroben-spomenik-vo-pariz-zheni-sednuvaat-na-nego-i-go-baknuvaat-za-plodnost-i-ispolnet-seksualen-zhivot-01.jpg

Ширум светот постојат безброј статуи за кои се верува дека носат среќа во љубовта или животот воопшто.

На пример, најпознатата статуа во Верона е онаа на Јулија (од шекспировата „Ромео и Јулија“) за која се верува дека носи среќа во љубовта ако ја допрете нејзината десна дојка.

Ако мислите дека е малку бизарно да се допира дојка на статуа од жена, верувајте дека има и уште побизарно верување, но за друга статуа, поточно надгробен споменик.

На гробот на францускиот новинар Виктор Ноар има негов споменик кој низ годините се претворил во симбол на плодност.

Поради ова, девојки и жени ја допираат статуата, но и седнуваат врз неа, поточно врз делот каде што се гениталиите, со надеж дека ќе имаат среќа да зачнат.

bizarno-veruvanje-za-nadgroben-spomenik-vo-pariz-zheni-sednuvaat-na-nego-za-plodnost-i-ispolnet-seksualen-zhivot-05.JPG

Што се случило со францускиот новинар и како се прославил неговиот надгробен споменик?

Роден во 1848 година во Франција, вистинското име на новинарот било Иван Салмон.

Откако се преселил во Париз, се вработил во весникот La Marseillaise, каде што почнал да го користи псевдонимот Виктор Ноар.

Тој период, сопственикот и уредникот на весникот биле во конфликт со принцот Пјер Бонапарта – правнук на Наполеон, како и братучед на тогашниот владетел на Франција, Наполеон Трети.

bizarno-veruvanje-za-nadgroben-spomenik-vo-pariz-zheni-sednuvaat-na-nego-za-plodnost-i-ispolnet-seksualen-zhivot-11.JPG

Со цел да го реши конфликтот, уредникот на весникот го испратил Виктор Ноар, заедно со уште еден вработен, во домот на Пјер Бонапарта и тоа за да го предизвика на дуел.

Првично принцот го одбил дуелот и изјавил дека сакал да му се спротивстави на сопственикот на весникот, а не на уредникот. Но, ситуацијата ескалирала, поради што принцот извадил пиштол и го застрелал Виктор Ноар.

Новинарот, кој имал само 21 година, починал веднаш.

bizarno-veruvanje-za-nadgroben-spomenik-vo-pariz-zheni-sednuvaat-na-nego-za-plodnost-i-ispolnet-seksualen-zhivot-09.JPG

Јавноста била гневна бидејќи член на кралското семејство убил новинар, па на погребот на Виктор присуствувале околу 100.000 луѓе.

Принцот и онака не бил популарен кај јавноста, па кога не бил осуден за убиството, народот се кренал на нозе и почнале протести низ Париз, од кои дел станале и насилни.

Набрзо потоа, поради Француско-пруската војна, императорскиот режим во Франција бил срушен.

Виктор Ноар, пак, станал симбол на спротивставувањето на народот против империјата.

bizarno-veruvanje-za-nadgroben-spomenik-vo-pariz-zheni-sednuvaat-na-nego-za-plodnost-i-ispolnet-seksualen-zhivot-04.JPG

Тој бил погребан во неговиот роден град и со текот на времето значењето на неговата смрт бил заборавен.

Сепак, луѓето почнале да зборуваат за него, па се одлучило дека новинарот заслужува да му се направи и споменик.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg