Патување со крузер како од хорор-филм: 4.000 патници поминале 4 дена на море, без храна и функционални тоалети

Поради расипаната канализација, се јавила сериозна закана од секакви зарази, но и престојот во бродот веќе бил невозможен.

Па, патниците се сместиле на палубата, за да го зачуваат здравјето, но и да се спасат од ужасниот мирис.

patuvanje-so-kruzer-kako-od-horor-film-4-000-patnici-pominale-4-dena-na-more-bez-hrana-i-funkcionalni-toaleti-04.JPG

Четири дена откако бродот останал без струја, значително се намалиле и залихите на храна. Проблемот бил влошен бидејќи фрижидерите не работеле, па многу намирници се расипале.

Иако јаделе само колку да преживеат, повеќето патници се сложни дека најлошо нешто била ситуацијата со тоалетите.

„Навистина, најлошо беше одењето во тоалет. Користевме мали вреќи кои ги стававме во корпите за ѓубре. Но, и храната беше ужасна, можеби најлоши беа ладните сендвичи со кромид“.

patuvanje-so-kruzer-kako-od-horor-film-4-000-patnici-pominale-4-dena-na-more-bez-hrana-i-funkcionalni-toaleti-12.JPG

Од копно се правел план за спасување, но неговото изведување не било така лесно. Најпрво, без можност да биде контролиран, бродот веќе одлутал кон отворено море и бил на околу 240 километри од брегот.

Спасувањето со хеликоптер било преризично бидејќи имало 4.000 патници, а исто ризично било и спасувањето со чамци поради оддалеченоста на бродот од копно.

patuvanje-so-kruzer-kako-od-horor-film-4-000-patnici-pominale-4-dena-na-more-bez-hrana-i-funkcionalni-toaleti-7.JPG

Најбезбедна опција за сите патници била бродот да се извлече до најблискиот брег, но на бродовите кои се доволно моќни да влечат крузери им требале неколку дена да стигнат до Мексиканскиот Залив.

Па, неколку денови патниците и вработените биле оставени сами на себе и единствена опција им била да чекаат.

patuvanje-so-kruzer-kako-od-horor-film-4-000-patnici-pominale-4-dena-na-more-bez-hrana-i-funkcionalni-toaleti-02.JPG

Конечно, помошта пристигнала на 14-ти февруари, односно четири дена по пожарот (и осум дена од почетокот на патувањето).

Бродот бил извлечен до најблиското пристаниште, а следниот ден бил организиран автобуски превоз за патниците да можат да се вратат дома.

patuvanje-so-kruzer-kako-od-horor-film-4-000-patnici-pominale-4-dena-na-more-bez-hrana-i-funkcionalni-toaleti-05.JPG

Неодамна на Нетфликс почна да се прикажува документарец за трагедијата, а по тој повод се огласија раководителите на крузерот. Случајот е опфатен во серијалот Trainwreck кој се емитуваше на 24-ти јуни.

patuvanje-so-kruzer-kako-od-horor-film-4-000-patnici-pominale-4-dena-na-more-bez-hrana-i-funkcionalni-toaleti-6.JPG

„Инцидентот од пред 12 години беше голема лекција за целата индустрија. Деталната истрага по инцидентот откри пропусти во дизајнот кои беа поправени, а нашата компанија инвестира над 500 милиони долари во сите свои бродови.

Сега имаме нови системи за спречување и придушување пожар, подобрени системи за менаџирање, сето како одраз на високите стандарди за безбедност што ги почитуваме.

Горди сме на фактот дека од 2013 година, над 53 милиони гости уживале во безбедни и незаборавни одмори на нашите крузери“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...

Најчитани неделава