9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени

Укетамо (Uketamo) - прифатете ги работите што ви ги дава животот

Многумина постојано повторуваат едни исти грешки во животот или претерано се грижат за некои тешки ситуации.

Но, понекогаш немаме моќ да ги смениме, па затоа, според филозофијата „укетамо“, најдобро е да ги прифатиме со отворени раце, да ја научиме лекцијата на која сакале да нè научат и да продолжиме со животот.

9-raboti-shto-gi-znaat-samo-japoncite-a-nie-ne-i-zatoa-se-mnogu-smireni-niz-ilustracii-06.jpg

Наикан (Naikаn) - разберете го местото на другите луѓе во вашиот живот

Со некои луѓе сте блиски и постојано сте заедно, но понекогаш тие врски се кршат и одеднаш станувате странци.

Понекогаш ни треба долго време да прифатиме дека некој веќе не е дел од нашиот живот - страдаме, се мачиме, се држиме за минатото.

Но, според „наикан“, треба да си поставиме три важни прашања кои ќе ни дадат важни одговори, а тие се: „Што добив од оваа личност?“, „Што ѝ дадов на оваа личност?“, „Какви проблеми создадов јас за оваа личност?“.

Кога ќе одговорите искрено на нив, ќе дознаете дали сте во здрава врска, дали треба да останете или да смените нешто, но и да прифатите ако некој си заминал од вашиот живот.

9-raboti-shto-gi-znaat-samo-japoncite-a-nie-ne-i-zatoa-se-mnogu-smireni-niz-ilustracii-04.jpg

Асоби (Asobi) - Прифатете го успехот, но не заборавајте да се забавувате

Кога ќе си поставите амбициозни цели, јасно е дека дадете сè од себе за да ги остварите.

Но, во трката по кариера и пари, не заборавајте на себе и дека треба да се одморите, опуштите, да правите работи кои ќе ве релаксираат и ќе му дадат смисол на животот.

Не треба да сте по 24 часа на компјутер, да проверувате меил пораки или да работите дури и кога ви е слободен викенд.

9-raboti-shto-gi-znaat-samo-japoncite-a-nie-ne-i-zatoa-se-mnogu-smireni-niz-ilustracii-03.jpg

Икигaи (Ikigai) - вашата причина да се разбудите наутро

Ако сте преморени од работата или домашните обврски, ако живеете на „автопилот“ и ја прифаќате рутината, наместо да барате нови причини за радост, тогаш секое утринско будење ќе ви биде измачување.

Но, ако имате хоби, обврски кои не ви се измачување туку задоволство, ако најдете радост во малите нешта, секое будење и секој нов ден ќе ви бидат нова причина за радост.

Омотенаши (Omotenashi) - не очекувајте универзумот постојано да ве наградува

Некои луѓе живеат со заблуда дека за секое добро треба да се наградени, дека треба да се скромни за да добијат награда од универзумот.

Но, според концептот на „омотенаши“, секој треба да го прави најдоброто што може, да вложува најмногу што може, да се труди најмногу што може, да дава најмногу што може - и да не очекува награда.

Понекогаш е доволно само да сте задоволни и среќни затоа што сте помогнале некому, и притоа да не очекувате никаква награда за тоа.

9-raboti-shto-gi-znaat-samo-japoncite-a-nie-ne-i-zatoa-se-mnogu-smireni-niz-ilustracii-09.jpg

 А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 илустрации за сите жени кои доминираат низ животот Илустраторка ја слави самодовербата, амбицијата и љубовта кон себе, потсетувајќи...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
9 илустрации што ќе ви разбудат носталгија - Како се славеше Нова година кога бевме деца vs. како се... Кристалот се вадеше еднаш-dvapati годишно, се користеше во специјални прилики и ...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg