9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени

Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинските работи ќе дојдат во свое време, а притоа не очекуваат никаква награда од универзумот за своите добри дела. Што ги прави Јапонците различни од нас?

9-raboti-shto-gi-znaat-samo-japoncite-a-nie-ne-i-zatoa-se-mnogu-smireni-niz-ilustracii-01.jpg

Понекогаш е многу интересно да дознаеме како живеат луѓето на другата страна на светот и како функционира нивната култура.

Некогаш ја проучуваме нивната кујна, другпат литературата, некогаш фокусот ни е на културата.

Но, тука се и правилата на живеење. А никој не знае како да живее мирно, без стрес, со полни гради и смирено, како што знаат Јапонците.

Оттаму и потекнува изразот „Смирен како самурај“.

Па ако сакате да внесете малку смиреност во својот живот, прифатете некои од овие правила кои постојат во јапонската култура, а им носат мир и во најбурните денови.

Кои се тие 9 филозофии до кои се придржуваат Јапонците?

Каизен (Kaizen) - запомнете ги малите чекори кои водат до целта

Од деца нè учеле дека треба да сонуваме и да си поставуваме големи цели, иако не секогаш знаеме во кој правец треба да одиме за да си ја исполниме целта.

Јапонците во својата култура ја имаат филозофијата „каизен“ - посветеност на континуиран напредок, со која секој ден се прават мали чекори кон целта, секоја задача се дели на помали, се исполнува малку по малку и полесно се гради патот до целта.

9-raboti-shto-gi-znaat-samo-japoncite-a-nie-ne-i-zatoa-se-mnogu-smireni-niz-ilustracii-10.jpg

Гаман (Gaman) - не правете ништо и водете се според темпото на животот

Сите имаме грижи и стрес, но ако им се препуштиме, ако реагираме бурно и се изнервираме, работите ќе станат уште полоши и ништо нема да ни успее.

Но, според „гаман“ најдобро е да не правите ништо, да ги прифатите работите и да одите таму каде што ќе ве одведе животот, а проблемите, со текот на времето, ќе исчезнат сами.

9-raboti-shto-gi-znaat-samo-japoncite-a-nie-ne-i-zatoa-se-mnogu-smireni-niz-ilustracii-07.jpg

Кинцуги (Kintsugi) - љубов кон несовршенството

Оваа филозофија тргнува од тоа дека скршените работи може да се спојат, но не да се замаскираат, туку да се нагласат со златна боја.

Па, на овој начин, скршеното нешто сега е целина која е повредна од онаа што постоела претходно.

Со други зборови - Јапонците не забораваат дека несовршеностите се важни и дека треба да се прифатат и да се сакаат, без оглед на проблемите со кои се соочуваме или кои ги носат со себе.

А потоа треба да живееме и да им се радуваме, зашто за секој проблем има решение, кое ќе дојде само по себе.

9-raboti-shto-gi-znaat-samo-japoncite-a-nie-ne-i-zatoa-se-mnogu-smireni-niz-ilustracii-02.jpg

Шикитогаи (Shikitogai) - 4 важни квалитети на кои треба да се темели вашиот карактер

Да се биде „добра“ личност не е воопшто лесно, особено што секој човек има различен карактер, а понекогаш сите правиме добри дела со намера да добиеме нешто за возврат подоцна.

Но, Јапонците имаат филозофија наречена „шикитогаи“, која се води од 4 важни квалитети што треба да ги поседува секоја личност, за да биде вистински добра.

Тие квалитети се мудрост, храброст, искреност и добра волја.

Па кога еден човек ги поседува сите, тогаш навистина живее живот исполнет со сочувство, добрина и вистинска желба да помогне (без скриени намери).

9-raboti-shto-gi-znaat-samo-japoncite-a-nie-ne-i-zatoa-se-mnogu-smireni-niz-ilustracii-08.jpg

Уште 5 на следната страница...



Би можело да ве интересира:

14 илустрации за сите жени кои доминираат низ животот Илустраторка ја слави самодовербата, амбицијата и љубовта кон себе, потсетувајќи...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
9 илустрации што ќе ви разбудат носталгија - Како се славеше Нова година кога бевме деца vs. како се... Кристалот се вадеше еднаш-dvapati годишно, се користеше во специјални прилики и ...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg