9 бонтон правила кои ги кршите дури и без да знаете, низ илустрации
Не се заблагодарувате на луѓето, ги третирате келнерите како да ви се слуги... Кои бонтон правила ги кршите и без да сте свесни за тоа?

Често се случува да се најдете во непријатна ситуација, а само затоа што не се придржувате до основните бонтон правила.
А, тие имаат голема улога во тоа како ве доживуваат луѓето што ви се блиски, но и непознатите личности кои случајно ги среќавате и со кои почнувате интеракција.
Овие 9 бонтон правила често ги заборавате или ги кршите дури и без да знаеме.
Затоа прочитајте ги, сетете се дали некогаш сте се нашле во ваква ситуација и обидете се да „се подобрите“ следниот пат:
Не ја придржувате вратата
Од мали нè учеле дека вистински џентлмен треба да ѝ ја придржи врата на дама.
Но, светот е сменет, па културно е и жените треба да ја придржат вратата за други, без оглед дали станува збор за маж или друга жена.

Не кажувате благодарам
Бонтонот не значи само дека треба да направиме другите да се чувствуваат удобно, туку и да им покажеме благодарност.
Па, кога некој ќе направи нешто за вас, дури и да е тоа таксист кому сте му платиле да ве однесе од една до друга дестинација, најмалку што можете да направите е да кажете „Благодарам“.

Зборувате на спикерфон (или гласно на телефон) во јавност
Според бонтон правилата, никој не треба да е вклучен во вашиот телефонски разговор освен вие и личноста на другата страна на линијата.
Затоа, кога сте во јавност не зборувајте гласно, не зборувајте на спикерфон и не го засилувајте звукот на звучникот од телефонот за да ве слушаат сите за што разговарате.

Не се претставувате себеси или не ги претставувате луѓето со вас, на оние што ги познавате
Кога одите на место каде што не познавате никого (на пример на некоја конференција) ред е да се претставите.
Или, ако излезете со своето друштво, а со вас дојде некој што не го/ја познаваат, вие треба да сте тие што ќе го претставите непознатиот на останатите, а не да оставите сам да се претстави или да стои покрај вас како да не е присутен.

