9 бонтон правила кои ги кршите дури и без да знаете, низ илустрации

Не ги потпишувате пораките

Дали некогаш ви се случило да добиете порака, а да не знаете од кого е?

Културно е да ја потпишете пораката што ја праќате на некој со кого не се познавате или со кого не комуницирате често.

Тоа што вие го имате нивниот телефонски број, не значи дека тие го имаат вашиот.

9-bonton-pravila-koi-gi-krshime-duri-i-bez-da-znaeme-niz-ilustracii-08.jpg

Сакате да го привлечете вниманието на келнерот

Келнерот не е ваш слуга, па не треба да го третирате како таков.

Не мавтајте, не свиркајте и не викајте гласно за да му го привлечете вниманието.

Негова работа е да ги послужи сите гости и ќе дојде колку што може најбрзо и кај вас - само треба да имате малку трпение (особено ако е сам во цело кафуле или ресторан).

9-bonton-pravila-koi-gi-krshime-duri-i-bez-da-znaeme-niz-ilustracii-03.jpg

Не помагате да се расчисти масата по оброкот

Кога некој ќе ве викне на ручек или вечера, културно е да му помогнете да ја расчисти масата или да ги измие садовите по јадењето.

По бонтон е да понудите помош, а домаќинот е тој што ќе ја прифати или одбие.

9-bonton-pravila-koi-gi-krshime-duri-i-bez-da-znaeme-niz-ilustracii-06.jpg

Претпоставувате дека некој друг ќе плати

Нормално е да излезете со пријатели, колеги, роднини. Но, погрешно е да претпоставите дека тој што ве поканил, ќе плати за ручекот, вечерата или кафето.

Дури и ако сте на љубовен состанок не смеете да очекувате дека мажот ќе ја плати сметката, зашто тоа не е правило.

9-bonton-pravila-koi-gi-krshime-duri-i-bez-da-znaeme-niz-ilustracii-05.jpg

Избегнувате контакт со очи

Дали кога разговарате со луѓето, погледот почнува да ви „бега“? Па наместо да гледате во соговорникот, гледате на страна.

Ова е некултурно, зашто делува како да не им обрнувате, дури и да сте фокусирани на разговорот и слушате внимателно.

Затоа - гледајте го соговорникот во очи.

9-bonton-pravila-koi-gi-krshime-duri-i-bez-da-znaeme-niz-ilustracii-07.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 илустрации за сите жени кои доминираат низ животот Илустраторка ја слави самодовербата, амбицијата и љубовта кон себе, потсетувајќи...
9 илустрации што ќе ви разбудат носталгија - Како се славеше Нова година кога бевме деца vs. како се... Кристалот се вадеше еднаш-dvapati годишно, се користеше во специјални прилики и ...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg