Морничавите јапонски затвори за осудените на смрт: Затворениците не знаат кога ќе бидат егзекутирани
Неодамна, на ваков начин беше егзекутиран таканаречениот „убиец од Твитер“, па праксата во јапонските затвори повторно почна да привлекува внимание.

Светот дозна за начинот на кој се спроведува смртната казна во Јапонија благодарение на Јошикуни Ногучи, адвокат и поранешен затворски офицер кој во 2021-ва решил да зборува за ова со јапонски весник.
Според него, затворениците се известуваат за егзекуцијата утрото пред да бидат убиени, а дотогаш немаат никакво предупредување.
Штом ќе им ги кажат вестите, затворениците ги носат во посебна просторија која е под постојан надзор, со цел да се спречи обид за бегство или самоубиство.

Адвокатот откри дека потоа се известува и семејството, но некои извештаи на ОН тврдат дека семејствата дознаваат дури откако затвореникот ќе биде усмртен.
Стражарите го носат затвореникот во собата за егзекуција, каде што му ги покриваат очите пред да биде спроведена смртната казна.
Потоа лекар го проверува пулсот на затвореникот и неговото тело се носи во мртовечница.

Убиецот од Твитер беше осуден на смртна казна во 2020 година, а беше егзекутиран на 27-ми јуни 2025-та.
Во јануари 2024 година, 19-годишно момче беше осудено на смртна казна, откако ги убило родителите на девојка што го одбила. Но, неговата казна уште не е спроведена.

Во 2008 година, пак, смртна казна доби и тогаш 25-годишен маж кој избоде и уби неколку лица на улица во Токио.
Тој чекал дури 11 години во неизвесност, пред да биде егзекутиран.
Прочитајте и: Убил 8 жени, ги намамувал во неговиот стан: Кој е „убиецот од Твитер“ што беше егзекутиран во Јапонија?
Спирова С. | Црнобело