Заборавената хероина од Титаник: Се вратила на бродот за да спасува луѓе, собирала пари за сиромашните патници

Кога богаташката Маргарет Браун сфатила дека во чамецот за спасување има уште место, го натерала капетанот да се вратат на бродот. Потоа, собрала над 10.000 долари за сиромашните патници, а поради филантропската работа, постхумно ѝ бил доделен и медал.

zaboravenata-heroina-od-titanik-se-vratila-na-brodot-za-da-spasuva-lugje-sobirala-pari-za-siromashnite-patnici01.jpg

Тонењето на Титаник важи за една од поголемите трагедии од поново време, а благодарение на филмот Titanic од 1997-ма, нема кој не ја слушнал приказната.

Но, додека главните ликови во филмот – Џек и Роуз – се измислени, некои од нив сепак се инспирирани од вистински личности.

zaboravenata-heroina-od-titanik-se-vratila-na-brodot-za-da-spasuva-lugje-sobirala-pari-za-siromashnite-patnici-05.jpg

Една од нив е Маргарет Браун, богата патничка на бродот која не само што помогнала во спасувањето додека Титаник тонел, туку почнала и кампања за да собере пари за сиромашните патници кои изгубиле сè.

Во филмот на Стивен Спилберг, нејзиниот лик го глуми оскаровката Кети Бејтс, но, секако, некои детали се малку поразлични во реалноста.

Иако останала запомнета како богаташка, но и филантроп, почетоците на Маргарет биле скромни, а можеби и оттаму потекнувала нејзината желба да им помага на другите.

zaboravenata-heroina-od-titanik-se-vratila-na-brodot-za-da-spasuva-lugje-sobirala-pari-za-siromashnite-patnici-04.jpg

Која била Маргарет Браун?

Маргарет била родена во 1867 година. Нејзините родители биле доселеници од Ирска кои пристигнале во САД во 1880-тите, откако почнал периодот на индустријализацијата.

Родителите ја натерале да оди на училиште, но до 13-годишна возраст го напуштила бидејќи морала да работи.

Кога со брат ѝ се преселила во Колорадо, Маргарет нашла работа во продавница, а станала и дел од локалната христијанска заедница.

И, овде се почетоците на нејзината добротворна работа.

zaboravenata-heroina-od-titanik-se-vratila-na-brodot-za-da-spasuva-lugje-sobirala-pari-za-siromashnite-patnici-12.jpg

Преку заедницата, Маргарет им помагала на сиромашните, но и доселениците (како неа) делејќи им оброци и организирајќи донации.

Набрзо потоа, го запознала Џејмс Џозеф Браун, рударски инженер со кого веднаш се зближила, почнала врска и во 1886-та се венчала.

Тие добиле две деца и иако имале хармоничен брак, се соочиле со финансиска криза.

zaboravenata-heroina-od-titanik-se-vratila-na-brodot-za-da-spasuva-lugje-sobirala-pari-za-siromashnite-patnici-09.jpg

Но, во текот на неколку експедиции и истражувања во склопот на неговата работа, Џејмс нашол голема количина злато, па со Маргарет преку ноќ станале милионери.

Почнале да купуваат недвижнини и да патуваат низ светот, но Маргарет, иако уживала во раскошот, сепак сакала да им помогне на помалку среќните.

Па, постепено, Маргарет станала филантроп и веќе била препознатлива во своето опкружување.

zaboravenata-heroina-od-titanik-se-vratila-na-brodot-za-da-spasuva-lugje-sobirala-pari-za-siromashnite-patnici-10.jpg

Во 1912 година, Маргарет била во Париз, на гости кај ќерка ѝ, кога дознала дека нејзиниот внук, кој бил во САД, е болен.

Па, купила билет за првиот брод кој одел кон САД – Титаник.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...

Најчитани неделава