Заборавената хероина од Титаник: Се вратила на бродот за да спасува луѓе, собирала пари за сиромашните патници

На 15-ти април, по судир со санта мраз, бродот почнал да тоне, а во трагедијата животот го изгубиле околу 1.500 патници.
Маргарет ја преживеала несреќата, а подоцна во интервју има откриено и што се случувало.
„Лежев на креветот, а покрај мене имаше светилка. Целосно фокусирана на книгата што ја читав, прво не обрнав многу внимание на синиот звук и нишањето поради кое паднав од креветот“.

Маргарет изјавила дека на бордот брзо завладеал хаос додека екипажот им давал инструкции на патниците да одат кон чамците за спасување.
Маргарет успеала да се качи во еден од чамците, но кога бил спуштен во водата, сфатила дека во него има уште место.
Па, на капетанот кој управувал со чамецот му рекла да се врати назад, кон бродот, за да спасат уште луѓе.

Според некои извори, капетанот одбивал, но Маргарет му се заканила дека ќе го фрли во океанот, па ја послушал.
Маргарет и патниците на чамецот успешно стигнале до бродот RMS Carpathia кој бил во непосредна близина, а овде таа веднаш почнала да им помага на другите. Им давала ќебиња, храна, ги тешела…
Притоа, почнала да ги убедува другите богаташи на бродот да собираат пари за да им помогнат на сиромашните патници.
Додека бродот Carpathia да стигне до Њујорк, Маргарет успеала да собере 10.000 долари.

Овде не завршиле херојските дела на Маргарет – потоа, во Првата светска војна, таа работела за Црвен крст и честопати се вклучувала во акции за помош на ранети војници.
Продолжила со филантропската работа, сè до својата смрт во 1932 година. Постхумно, добила и почестен медал за нејзината добротворна работа.
Во 1971 година, нејзиниот дом во Колорадо е претворен во музеј, а во парискиот Дизниленд има и атракција во нејзина чест.

Прочитајте и: Трагичната вистинска љубовна приказна од Титаник: Ида и Исидор Штраус се жртвуваа за другите да бидат спасени
Спирова С. | Црнобело