9 трикови за пакување за во куферот да не ви владее хаос (и да собере сè)
Ставете нешто и во градниците
Бидејќи и градниците со корпа зафаќаат празен простор, во корпите можете да ставите долна облека или чорапи за да заштедите место во куферот.
Спакувајте го накитот со најлонска фолија
За да не ви се заплеткаат ланчињата, нараквиците и целиот накит, спакувајте го уредно со најлонска фолија. Наредете го накитот на парче најлонска фолија, па покријте го со уште едно парче.
На овој начин накитот речиси и да нема да зафаќа простор, а и невозможно е да се заплетка.
Купете универзален адаптер за полнење
За да не носите неколку различни адаптери за вашите уреди, купете еден универзален.
Носете потенки крпи за на плажа
За на плажа не ви требаат огромни и подебели крпи кои само ќе зафаќаат простор. Ќе ви завршат работа и потенки крпи бидејќи секако ќе бидете на сонце.
Спакувајте резерва аутфит во чантата или ранецот
Ако во авионот ви е дозволено покрај багажот, да понесете и чанта или ранец, овде спакувајте уште еден резервен аутфит – маичка, шорцови, чорапи и пар долна облека.
Доколку патувањето е долго, ќе ви биде попријатно ако можете да се пресоблечете. А, дури и да не ја искористите облеката за време на патувањето, ќе си имате екстра аутфит за на одмор.
Спирова С. | Црнобело
