Стереотипи во кои луѓето погрешно веруваат за 7 различни професии, низ илустрации
Мит 1 - задача на стјуардесите е да ги услужуваат патниците. Вистина - нивна главна задача е да се грижат за нивната безбедбност. Мит 2 - наставницитеимаат многу слободно време. Вистина - работат многу дури и по часовите.

Многу често луѓето имаат погрешна перцепција за голем број професии и ги потценуваат работните обврски на оние кои го работат тоа.
Некогаш за тоа се виновни филмовите, а некогаш погрешно толкувани зборови кои се префрлаат од уста на уста.
Најчести митови за 7 различни професии и вистината за нив:
Главна задача на стјуардесите е да ги услужуваат патниците
Освен што во голем дел се должни да ги услужат патниците и да им го направат патот комотен, нивната примарна улога е да им овозможат безбедност, заради што минуваат низ низа обуки за секакви ситуации. И не, не се должни да ви го ставаат багажот над глава по секоја цена.

Наставниците имаат многу слободно време
Всушност, иако часовите им завршуваат некогаш порано, тоа не значи дека немаат уште куп административна работа по часовите – оценување домашни, правење и прегледување тестови, подготовка и планови за предавања, подготовка на презентации, нови материјали и пополнување куп документи и електронски податоци.

Фризерите се ужаснуваат ако им кажете дека сте биле во друг салон
Можеби постојат и такви, но повеќето професионалци не го земаат лично тоа и си ја вршат работата без да се интересираат каде сте се шишале.

Сметководителите го поминуваат цел ден на компјутер/калкулатор
Можеби најголем дел од деновите им поминува во бројки, табели и пресметки, но многу често работат и како финансиски консултанти, имаат состаноци, а често и патуваат на обуки.

Учителките во градинка само си играат со деца по цел ден
Дури ниту играњето и чувањето деца не е лесно, но всушност и не го прават само тоа – напротив, тие многу работат и се подготвуваат од претходно за да имаат да им понудат игри и активности на децата.

Секретарките само се јавуваат на телефон и носат кафе
Заради филмовите, има погрешно верување за ова работно место. Всушност, зависно компанијата и индустријата, многупати секретарките се вклучени во многу бизнис активности и помагаат со секаков тип на администрација, а не му носат само кафе на шефот.

Агентите за недвижнини само си покажуваат станови и куќи
Да, ова го прават, но тоа всушност можеби е најлесниот дел од работата. Тие поминуваат многу време во подготвување документација, преговарање, потпишување договори, проверки, анализа на пазарот и сл.

М. М. | Црнобело
