Исчезнувања од крузери од кои ќе ве полазат морници – со години се обвиени со мистерија
Меријан Карвер
Исчезнувањето на Меријан Карвер е едно од побизарните.
Во 2004-та, тогаш 40-годишната Меријан отишла на седумневно крстарење на Алјаска. Таа била сама и на вториот ден од патувањето исчезнала.
Иако еден член на екипажот искажал загриженост бидејќи ја немал видено, останатите не презеле ништо.
Кога крстарењето завршило, предметите на Меријан уште стоеле во нејзината кабина, но наместо да ја пријават за исчезната, од компанијата само ги собрале и ги донирале.
Неколку денови по крајот на крстарењето, нејзиното семејство се загрижило, па тие ја пријавиле за исчезната
Компанијата на крузерот го оценила исчезнувањето како самоубиство, но без соодветна истрага.
Нејзиното семејство ја тужело компанијата и го добило случајот, но до денес е нејасно што точно се случило.
Мики Канесаки
Во 2006 година, Мики Канесаки отишла на крстарење по Медитеранот со нејзиниот поранешен сопруг, со надеж дека ќе го поправат односот и ќе имаат уште една шанса.
Ноќта кога исчезнала, 52-годишната Мики излегла од кабината по чај и не се вратила, а поранешниот сопруг забележал дека е исчезната дури следното утро.
Неколку денови подоцна, телото на Мики било пронајдено покрај брег во јужниот дел на Италија.
Тогаш нејзиниот поранешен сопруг изјавил дека можеби била депресивна и извршила самоубиство, но нејзиното семејство негирало.
Со години, смртта на Мики била мистерија, сè до 2013-та кога полицијата го уапсила поранешниот сопруг.
Наводно, тој ја задавил и ја фрлил во водата, а според неговата тогашна сопруга, целта му била да го наследи богатството на Мики.
Џон Халфорд
63-годишниот Џон Халфорд исчезнал во 2011-та од брод кој крстарел покрај брегот на Египет. И тоа, исчезнал на последниот ден, пред бродот да се закотви на пристаништето.
Неговата сопруга требало да го пречека на аеродромот следниот ден.
Џон ѝ пратил порака, отишол да јаде во ресторанот на бродот, па на крај отишол на палубата и последен пат бил забележан на пладне.
Кога се воочило дека е исчезнат, во кабината бил најден неговиот спакуван куфер, заедно со телефонот и пасошот.
Иако дента кога исчезнал Џон пиел алкохол, луѓето кои го виделе тврделе дека воопшто не бил пијан. Неговата сопруга, пак, изјавила дека не бил депресивна личност која би сакала да си наштети.
Па, до денес, неговото исчезнување останува мистерија.
Спирова С. | Црнобело