Исчезнувања од крузери од кои ќе ве полазат морници – со години се обвиени со мистерија

Жена чие исчезнување не ни било пријавено од екипажот, жена која била најдена мртва, маж кој исчезнал кратко пред бродот да биде закотвен – не недостасуваат морничави приказни од патувања со крузер.

ischeznuvanja-od-kruzeri-od-koi-kje-ve-polazat-mornici-so-godini-se-obvieni-so-misterija01.jpg

Патувањето со крузер го поврзуваме со одмор и релаксација, а може да биде и одлична можност да се посетат неколку дестинации одеднаш.

Иако, несомнено, е магично искуство, мистериите и трагедиите се присутни и на крузерите.

Периодов доста актуелен е случајот со Ејми Лин Бредли, 23-годишна девојка која исчезнала за време на крстарење со Royal Caribbean.

Речиси три децении подоцна, од Ејми нема ни трага ни глас и нејзиното исчезнување останува една од најголемите мистерии.

Прочитајте повеќе: Мрачниот случај на Ејми Лин Бредли: Исчезнала од крузер, гласини за киднапирање и трговија со луѓе

Но, Ејми не е единствената личност на која ѝ се губи секаква трага откако се качила на крузер, без разлика дали како патник или член на екипажот.

Дел од најпознатите исчезнувања на крузер:

Ребека Коријам

Во 2011 година, Ребека Коријам од Англија работела на крузерот Disney Wonder кој е во сопственост на Disney.

Кога бродот бил закотвен на брегот на Мексико, безбедносна камера ја снимила 24-годишната Ребека како разговара на телефон со непозната жена.

На снимката, девојката делувала вознемирено, а некои од патниците дури и ја прашале дали е добра.

ischeznuvanja-od-kruzeri-od-koi-kje-ve-polazat-mornici-so-godini-se-obvieni-so-misterija-03.JPG

Неколку часа подоцна, почнувала смената на младата девојка, но таа не се појавила. Оттогаш ѝ се губи секаква трага и веќе 14 години никој не знае каде е.

Некои веруваат дека можеби паднала од палубата, но има и теорија дека била во токсична врска и можеби самата си наштетила.

Семејството на Ребека не верува во шпекулациите дека ќерка им извршила самоубиство и смета дека од Disney знаат многу повеќе отколку што споделуваат со надлежните.

ischeznuvanja-od-kruzeri-od-koi-kje-ve-polazat-mornici-so-godini-se-obvieni-so-misterija-02.JPG

Џорџ Ален Смит

Во 2005 година, Џорџ Ален Смит бил на меден месец со новата сопруга Џенифер. Тие отишле на двонеделно крстарење по медитеранот со крузерот MS Brilliance.

Но, Џорџ исчезнал кога крузерот пловел од Грција кон Турција – се верува дека паднал од бродот, но зошто и како, до денес останува мистерија.

Ноќта пред да исчезне, Џорџ и сопругата пиеле алкохол и според очевидците биле многу пијани.

ischeznuvanja-od-kruzeri-od-koi-kje-ve-polazat-mornici-so-godini-se-obvieni-so-misterija-04.JPG

Патниците во соседната кабина изјавиле дека слушнале викање, како парот да се расправа, а слушнале и некакво тропање.

За време на истрагата, биле најдени остатоци од крв во нивната кабина, па се претпоставува дека Џон или паднал и се удрил, или некој го нападнал.

Сопругата Џенифер, пак, не била во кабината кога Џорџ исчезнал – залутала низ бродот и заспала во еден од ходниците. Се вратила во кабината дури следното утро и тогаш сфатила дека Џорџ не е таму.

Постои верување дека Џорџ или почнал конфликт со некој од патниците, па бил убиен или, поради алкохолизираната состојба, се дезориентирал и паднал од бродот.

ischeznuvanja-od-kruzeri-od-koi-kje-ve-polazat-mornici-so-godini-se-obvieni-so-misterija-05.JPG

Анет Мизенер

Ви 2004 година, Анет Мизенер освоила патување со крузер на мексиканската ривиера. Со себе ги понела родителите и нејзината ќерка.

Ноќта кога исчезнала, 37-годишната Анет прво пеела караоке со ќерка ѝ, па отишла во казиното на бродот.

Потоа била договорена да игра бинго со родителите, но не се појавила.

ischeznuvanja-od-kruzeri-od-koi-kje-ve-polazat-mornici-so-godini-se-obvieni-so-misterija-06.JPG

Родителите известиле членови на екипажот, по што почнала потрага по Анет.

Бродот бил темелно пребаран, дури и од членови на крајбрежната гарда, но единственото нешто што нашле била чантата на Анет на една од палубите.

Поради ова, постоел сомнеж дека Анет или била турната или самата паднала во водата.

Она што ја продлабува мистеријата е тоа што единствената камера која била насочена кон местото на коешто е најдена нејзината чанта, била блокирана од карта на бродот.

ischeznuvanja-od-kruzeri-od-koi-kje-ve-polazat-mornici-so-godini-se-obvieni-so-misterija-07.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Бев единствена преживеана во авионска несреќа – поминав 8 дена во џунгла, со скршена нога и мртви т... „Се разбудив во џунглата. Врз мене имаше нешто тешко и кога пробав да го тргнав,...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Од наследник во најмоќната американска династија, до ладнокрвен убиец: Кој бил Џон ду Понт? Џон ду Понт потекнувал од една од најбогатите и најмоќните династии во САД, но и...

Најчитани неделава