Мрачниот случај на Ејми Лин Бредли: Исчезнала од крузер, гласини за киднапирање и трговија со луѓе
- Детали
- недела, 27 јули 2025
Нема тело, нема докази, има сведоштва дека е видена во бордел... Сите детали за една од најголемите крузерски мистерии кога 23-годишна студентка исчезна и оттогаш нема ниту траг, ниту глас.

Случајот со исчезнувањето на Ејми Лин Бредли од 1998‑та останува една од најголемите мистерии, а сега на Нетфликс осамна и документарецот „Amy Bradley Is Missing“ во кој нејзиното семејство ги открива сите детали и велат дека уште се надеваат дека еден ден ќе ја пронајдат жива.

До денес не се пронајдени ни тело, ни докази, но семејството продолжува да верува дека е можно Ејми да е жива и дека нејзината приказна не е завршена.

Ејми Лин Бредли (родена 12 мај 1974) била 23‑годишна студентка од Пенсилванија, пливачка и поранешен спасувач, која отпатувала на карипско крстарење за да го прослави дипломирањето со семејството.
На 24 март 1998 година, за време на крстарењето со крузерот „Royal Caribbean Rhapsody of the Seas“, Ејми и нејзиниот брат Бред биле во бродскиот клуб, па се вратиле во кабина во 3:40 часот, според системот за електронски клучеви на кабините.

Ејми потоа била видена на балконот во 5:30 часот, но подоцна без објаснување исчезнала, оставајќи ги зад неа своите чевли, цигари и лични предмети.
Персоналот на бродот дозволил патниците да се симнат на следното пристаниште – островот Курасао, иако пред тоа Ејми не била пронајдена.
Ejми со нејзиниот брат Бред
Следела потрага. Бил испитуван и член од бродскиот бенд со кој Ејми се дружела, но ништо не било откриено.
Се трагало со хеликоптер и радарски авион, но без успех.
Нема докази ниту за случаен скок, самоубиство и слично.
