Мрачниот случај на Ејми Лин Бредли: Исчезнала од крузер, гласини за киднапирање и трговија со луѓе
Некои веруваат дека Ејми можеби се лизнала преку палубата и паднала. Други се сомневаат дека можеби била нападната и фрлена во море.
Но, има и низа сведоштва за можно киднапирање или трговија со луѓе.

Во август 1998 туристи во Курасао тврделе дека виделе жена што личела на Ејми во друштво на двајца агресивни мажи. Таа поседувала тетоважи како што имала Ејми: сонце, тасмaнски ѓавол итн.

Потоа во јануари 1999 американски морнар тврдел дека една жена во бордел во Курасао се претставила како Ејми Бредли и му рекла дека е заробена и бара помош. Иако тој не пријавил веднаш, подоцна контактирал со семејството.
Потоа, во 2005 година семејството на Ејми добило анонимни фотографии од веб‑сајт за возрасни од Венецуела од жена која личела на Ејми.

Овој случај е раскажан во документарниот филм со 3 епизоди „Amy Bradley Is Missing“.
Случајот поттикна огромен интерес.

Семејството најави награди за сите информации поврзани со можното пронаоѓање на нивната ќерка, иако поради временската рамка таа е прогласена за мртва.


С. С. | Црнобело