Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилната жена во светот
Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете раце и ја фрлил во бездна мислејќи дека е мртва. Водена од желба силувачот да биде фатен и затворен, Мери успеала да излезе од бездната, да најде помош и, на крај, да се соочи со него во судница.

Мери Винсент од САД е можеби најсилната жена за којашто сте слушнале.
По грозоморен напад од маж кој ја силувал и ѝ ги отсекол двете раце, Мери некако успеала да се спаси, но и да помогне во фаќањето на злосторникот.
Денес Мери е во седмата деценија од животот и главно се држи настрана од јавност, но има основано фондација преку која им помага на жртви на силување и други форми на насилство да се справат со траумата.
Потресната (и вознемирувачката) приказна на Мери и нејзината борба за правда:
Во 1978-ма, тогаш 15-годишната Мери била бунтовна тинејџерка која решила да побегне од дома бидејќи нејзините родители се развеле.
Од Лас Вегас, Мери заминала во Калифорнија каде што имала баба и дедо.
Сепак по некое време сфатила дека родителите ѝ недостасуваат и дека ги сака, па решила да се врати дома.
Во 1970-тите, патувањето со автостоп не било нешто невообичаено, па Мери застанала на автопат со надеж дека ќе најде превоз до дома. Со неа биле уште двајца патници кои ги запознала тогаш.
По некое време, успеале да запрат автомобил со кој управувал Лоренс Синглтон – напаѓачот на Мери.
Иако биле тројца патници, тој им рекол дека има место само за Мери. Како секоја тинејџерка, Мери била наивна и воопшто не се посомневала дека нешто не е во ред, па се качила во автомобилот.
Мери откри дека двајцата патници ја предупредиле бидејќи било очигледно дека има место и за нив, но не ги послушала.
„Бев толку уморна, што само сакав да си одам дома“.
Штом се качила во камионот, Мери заспала, но кога се разбудила, сфатила дека Лоренс не вози кон Лас Вегас, туку во друга насока.
Кога го прашала зошто го променил правецот, тој само ѝ рекол дека направил ненамерна грешка.
По некое време Лоренс го запрел камионот и излегол бидејќи му се одело во тоалет, а во тој миг Мери сфатила дека е во опасност.
Помислила да побегне, па се наведнала да си ја врзе врвката од патиката, за да не се сопне. Но, тогаш почувствувала удар на главата и изгубила свест.
Кога се разбудила, Мери вели дека била врзана во приколката на камионот и Лоренс ја силувал.
Мери го молела злосторникот да ја пушти, ветувајќи му дека нема да каже никому што се случило. И, во тој момент, Лоренс зел секира и ѝ ги отсекол двете раце.
Исплашената девојка почнала да губи многу крв и иако била свесна, веќе немала сила да се спротивставува.
Силувачот помислил дека е мртва, па ја фрлил во бездна на височина од околу девет метри и си заминал.
И покрај траумата што ја преживеала, Мери си рекла дека нема да се откаже, дека ќе преживее.
„Само слушнав како некој глас ми рече ’Не може да заспиеш, треба да станеш за да го фатиш силувачот‘“.
