Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилната жена во светот
За колку-толку да го запре крвавењето, Мери си ги ставила рацете во кал и почнала да се искачува од бездната – подвиг за кој ѝ бил потребен цел ден.
Мери изодела скоро пет километри од автопатот пред некој да се одлучи да застане и да ѝ помогне. Но, вели не им замерува на возачите кои ја одминале:
„Бев гола, извалкана со крв и кал и со две пресечени раце. Изгледав како суштество од хорор-филм. Па, не ги обвинувам што ме одминуваа“.
Мери била спасена од млад пар кој веднаш ја однел во болница. И, ја спасиле во вистинскиот момент бидејќи дотогаш веќе имала изгубено половина од својата крв.
Веднаш ѝ била направена операција, а по некое време добила и протетички раце. Покрај физичкото закрепнување, Мери долг период одела и на психијатар за да се справи со траумата.
Сепак, кога била спасена и во миговите кога едвај била жива, Мери успеала да даде детален опис на убиецот.
„Сакав сите да можат да го познаат кога ќе го видат. Го опишав како што би ѝ опишале личност на некој кој е слеп“.
Само десетина дена по нападот, Лоренс бил лоциран и уапсен. Но, овде не завршила голготата на Мери.
Шест месеци по нападот, таа се соочила со Лоренс во судница. И покрај одвратното злосторство, добил само 14-годишна казна затвор. Кога, пак, го изнесувале од судницата, ѝ рекла на Мери дека кога ќе излезе од затвор, ќе ја доврши работата.
По само осум години, Лоренс бил пуштен на слобода поради „добро однесување во затворот“.
Токму овој пропуст во пресудата на Лоренс била причина за нов закон во САД, според кој личност која ќе изврши криминално дело кое вклучува и измачување, мора да добие најмалку 25 години зад решетки.
Но, Лоренс веќе бил ослободен и законот не можел да се примени на него.
Во 1997 година, тој убил уште една жена. Бил затекнат од нејзин сосед кој повикал полиција.
Лоренс повторно бил уапсен, а на новото судење, Мери одлучила повотрно да сведочи со надеж дека овој пат ќе го помине животот во затвор. Овој пат добил смртна казна, но во 2001 година починал од рак, додека бил во затвор.
Денес Мери е добра и се држи настрана од јавност, но има изјавено дека не било лесно да се справи со траумата.
„Од кошмарите што ги имав си кршев коски. Еднаш скокнав, пробувајќи да избегам од креветот и си го изместив рамото.
Си ги имам скршено ребрата, си го имам скршено носот“, изјави во интервју од 2003 година.
Мери е во среќен брак и има две деца, а покрај фондацијата преку која им помага на жртвите на сексуално насилство, работи како сликарка.
Спирова С. | Црнобело
