Секој ден не е 1ви Мај

sekoj-den-ne-e-1vi-maj-povekjeЗдраво. Не, не се знаеме лично, ама мора некако да ти пристапам бидејќи не би било учтиво да си правиме муабет, а пред тоа барем да не ти се претставам.


Јас сум Горан, некои ме знаат како Горан, а други пак само како Горан, трети како Горан Ман, четврти како дечкото од автобус, петти како дечкото што не го пуштаат на врата во дискотека, шести како дечкото што касни да си ги плати сметките за телефон, седми како дечкото што почна да пишува за crnobelo.com.

Оп рачна! Тука сме... кај седмиот. :)

Од денес почнувам преку црно-бело да се дружам со вас. Да, да токму со вас... Зошто се прашувате !? Зошто да не. Луѓето треба да се дружат, на каков начин и да умеат; преку текст, слика, видео, говор...

... оти дружењето е песна:

Дружењето е празник.

Кога сме кај празниците, вчера беше - 1ви мај - ден на трудот или кај нас познат како ден на скарата. Ок, не е познат како така, ама како така си го славиме. :)

1ви мај ја означува борбата на работникот за неговите права, барем така беше во 1886 година во Чикаго. Правата ги добивме, горе - доле  (за некои уште се бориме, за некои допрва ќе се бориме), па не ни остана ништо друго туку да ги славиме. Што и не е далеку од вистината, оти народот, а особено работникот, заслужува 1ви мај. Заслужува да отиде на полјана, да распостеле ќебе, да оптегне нозе, да распали скара, да дрмне ладно пиво и да мези салата. Уште ако има рекичка во близина која ќе жубори и дополнително ќе ги лади пивата, мераци. Абе какви мераци, блажојни.

Народот заслужува „деј оф“. Заслужува да не биде замаран од секојдневни проблем и политики. Заслужува да пушти мозок на „пасење“ и тело на месно „одржување“. Народот заслужува еден ден само за себе.

Да, ќе речете постојат викенди, може тогаш да се избега некаде, ама не е тоа тоа. Викенд е друго, празник е друго.

Честит празник работници од целиот свет. Наздравје пивото. ;)

пс. една молба, собирајте го ѓубрето после празнувањето, оти ако вие не го соберете, нема да го собере ни друг, ни трет и после ќе празнуваме со леген вода во дневна. ;)

ппс. текстов е објавен на 2ри мај, оти на 1ви не се работеше.

Горан Ман

Авторот е работник кој е мераклија за скара и дружење

Би можело да ве интересира:

Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
„Јапонија е ужасна за одмор со деца – не нè пуштаа во ресторани, нè бркаа од такси“ „За време на нашето двонеделно патување, веќе престанав да бројам колкупати враб...
Татко му го малтретирал, мајка му не го ни прегрнувала: Тажни детали од детството на кралот Чарлс Кога кралицата Елизабета се вратила од шестмесечна турнеја, не го прегрнала Чарл...
Фото-докази дека некогаш животот со цимер е вистински кошмар Неизмиени садови, преполна корпа со ѓубре, храна која стои во кујната со месеци ...
12 ретро-фотки од мајки и баби, кои изгледаат како да се излезени од модно списание Дали во старите семејни албуми некогаш сте ги виделе фотографиите од своите мајк...
11 фотографии полни со љубов, кои ќе ве разнежат Сопруг кој спие во воз, блискоста на луѓето и нивните мисленици - некои фотограф...

Најчитани неделава