Трагичниот живот на некогашниот најтежок човек на светот – Имал 400kg, 7 години не излегол од дома пред да почине
Рики Напути, кој важеше за најтешкиот човек на светот, цели три години пробувал да ослаби 38 килограми за да можат да му направат операција за намалување на желудникот. Но, неговата зависност од храна била толку сериозна, што почина на само 39-годишна возраст од прекумерна тежина.

Кога станува збор за зависности, прво помислуваме на дрога или алкохол. Но, со страшни, па и смртоносни последици може да биде и зависноста од храна која е мошне комплексен психолошки проблем.
Најочигледната последица од зависноста од храна е дебелината, но овде се и бројните проблеми со здравјето кои доаѓаат со прекумерната тежина, како кардиоваскуларни проблеми, оптовареност на зглобовите, па и губење на способноста за движење.
Рики Напути од островот Гуам целиот живот се борел со зависност од храна и додека бил жив, важел за најтешкиот човек во светот.
Во периодот кога бил најтежок, Рики имал над 400 килограми, не можел да се движи и, на некој начин, бил заробен во сопственото тело.
Рики бил свесен за својот проблем и лекарите го предупредувале дека доколку не ослабе, сигурно ќе умре.
Но, тој сепак не можел да се справи со својата зависност, па во 2012-та, починал на само 39-годишна возраст.
Рики консумирал и до 10.000 калории дневно, а поради тежината, не можел да станува од креветот. Па, неговата сопруга Шерил му помагала за дури и најосновните потреби
Всушност, Шерил правела сè за него – му готвела, му помагала да се избања, па дури и да оди во тоалет бидејќи Рики бил како личност со инвалидитет.
Иако давала сè од себе, состојбата на Рики само се влошувала, неговата тежина се зголемувала, а шансите да преживее станувале помали и помали.
По некое време, Рики мал проблеми и со дишењето, па до крајот на животот морал да користи машина со кислород.
Пред да почине, Рики немал станато од својот кревет цели седум години.
Рики и сопругата не губеле надеж и сонувале дека еден ден ќе можат да имаат и деца. Побарале лекарска помош каде им кажале дека единствениот спас за него е операција за намалување на желудникот.
Но, за да може да се направи операцијата, Рики требало да ослабе барем 38 килограми – подвиг што за него се чинел невозможен.
Самиот има изјавено дека се чувствувал како зависник кој води многу тешка битка.
Рики се согласил и неговата битка да биде дел од реално шоу, со надеж дека ќе има поголема помош и поголем поттик.
„Пробувам да го дадам најдоброто од себе. Мојата единствена цел е да си го вратам животот. Поминаа години од последниот пат кога излегов надвор и уживав.
Ми недостасува да го почувствувам сонцето на моето лице. Ми недостасува да се истуширам сам“, изјави Рики пред камерите.
Сопругата Шерил, пак, откри дека пробувала да му контролира порциите, но не можела секогаш да му забранува храна.
„Кога станува збор за храна и Рики ќе посака нешто, не престанува да го бара додека не му го дадам.
За мене е особено тешко бидејќи јас сум неговата сопруга. Можам ли да му ги контролирам навиките за јадење? Не можам“.
По три години со екипата од реалното шоу, Рики не успеал да се избори и беше пронајден мртов.
Но, деталите околу неговата смрт сепак се малку нејасни.
Во ноември 2012 година, тие го снимиле и моментот кога Шерил вика брза помош и им кажува на болничарите дека Рики „испил некакви апчиња и веќе не дише“.
Непосредно пред инцидентот, Шерил наводно му рекла дека ќе го напушта бидејќи веќе не можела да се грижи за него.
Лекарите се бореле за животот на Рики цел час, но на крај го прогласиле за мртов.
Како официјална причина за смртта е наведена дебелина, но целата ситуација со апчињата тера дел од јавноста да мисли дека Рики можеби и самиот посегнал по својот живот.
Трагичната приказна на Рики останува потсетник за тоа колку сериозно треба да се сфатат зависностите, вклучувајќи и од храна.
Спирова С. | Црнобело
