Убил над 20 луѓе, додека бил информант под заштита: Детали за случајот кој е „најголем срам“ за ФБИ

Во неколкуте години додека се претставувал како информант на ФБИ, Скот убил четири лица. Но, самиот тврдел дека убил 21 личност, додека на своите адвокати им кажал дека убил помеѓу 45 и 50 лица.

Па, точниот број на жртви не е познат.

Надлежните го знаат идентитетот на само четири жртви – девојката на Стив Енис, друга стриптизета која ја убил кратко откако излегол од затвор, ќерката на негова партнерка, како и неговиот чичко.

ubil-nad-20-lugje-dodeka-bil-informant-pod-zashtita-na-agentite-detali-za-sluchajot-koj-e-najgolem-sram-za-fbi-03.jpg

За секое убиство, Скот им давал информации на ФБИ, но сосема доволно за да го тргне сомнежот од себе.

Скот бил одличен манипулатор, а ги знаел и „дупките“ во системот, па сето ова го користел за да ја стекне довербата на агентите.

ubil-nad-20-lugje-dodeka-bil-informant-pod-zashtita-na-agentite-detali-za-sluchajot-koj-e-najgolem-sram-za-fbi-06.jpg

Бидејќи и тие работеле со ограничени ресурси, а Скот бил личност која тврдела дека има конекции со криминалниот свет, многупати се потпирале на неговите сведоштва.

Но, семејствата на жртвите, незадоволни од недостатокот на правда, почнале да создаваат притисок ФБИ да почне истрага и за нивниот информант.

Според поранешен агент на ФБИ, во канцелариите дошле татковците на две девојки убиени од Скот кои биле сигурни дека тој е убиецот.

ubil-nad-20-lugje-dodeka-bil-informant-pod-zashtita-na-agentite-detali-za-sluchajot-koj-e-najgolem-sram-za-fbi-05.jpg

Во март 2006-та, Скот бил уапсен за друга измама неповрзана со убиствата.

Додека бил во затвор, од ФБИ почнале истрага и конечно нашол доволно докази дека тој е одговорен за четири убиства.

ubil-nad-20-lugje-dodeka-bil-informant-pod-zashtita-na-agentite-detali-za-sluchajot-koj-e-najgolem-sram-za-fbi-10.jpg

Сепак, Скот не престанал со обидите да ги манипулира агентите. Телата на некои од жртвите не биле најдени, па тој ги уценувал и не им кажувал каде се.

Телото на Џенифер Маркум девојката на неговиот цимер од затвор, до денес не е пронајдено.

На крај, во 2009-та, добил 70-годишна казна затвор за убиствата.

ubil-nad-20-lugje-dodeka-bil-informant-pod-zashtita-na-agentite-detali-za-sluchajot-koj-e-najgolem-sram-za-fbi-02.jpg

Но, без разлика што бил фатен, целиот случај останал како еден од најсрамните пропусти на ФБИ.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg