„Бев киднапирана од брачен пар на 3-годишна возраст, во Макарска – ме спаси граничната полиција, во последен момент“
Тања вели дека патувањето траело неколку часа, но дека самата нема некои конкретни сеќавања од возењето.
„Кога мајка ми не можела да ме најде на плажата, настанала паника.
Сите кои биле во нејзина близина почнале да ме бараат – на плажата, во хотелот, го пребарале секој агол, гледале кон водата…“
Тања вели дека тогаш уште не занела да плива, па помислата дека влегла во водата ја плашела мајка ѝ.
Патешествието на Тања не траело долго бидејќи граничната полиција на границата помеѓу Словенија и Австрија веднаш почнала да се сомнева во парот.
„Бескрајно сум им благодарна на полицајците од Словенија и цариниците кои ме спасија. Веројатно им било чудно што многу постар пар пристигнал на граница со толку мало дете.
Мислам дека помогна и тоа што со мене ја носев мојата омилена играчка – кадифено мече.
Кога полицијата во Макарска се посомневала дека можеби сум киднапирана, веднаш ги известиле граничните премини, и оние во Словенија.
Бидејќи тогаш немаше интернет, можеле да им дадат само мој опис и кажале дека со себе имам кадифено мече. Мислам дека тој детаљ ме спаси“.
Тања додава дека оттогаш, мајка ѝ постојано внимавала на неа, до степен на опседнатост. Вели дека во детството не ѝ било јасно, но како што растела, сфаќала што се случило.
„Кога на телевизија гледав случаи со киднапирање деца, постојано си мислев што би можело да ми се случи, каде би можел да завршам да не бев спасена…“
Кога полицијата почнала да го испрашува парот што ја киднапирал Тања, тие наводно рекле дека сакале да ја однесат на патување и дека ќе ја вратат назад.
Дури им понудиле и мито на граничните службеници. Но, полицијата веднаш изреагирала.
Мајка ѝ, пак, сакала што побрзо да го остави трауматичниот инцидент зад нив.
„Мајка ми не сакаше ништо со луѓето што ме киднапираа. Наводно биле од Австрија и биле сопственици на продавница за чоколадо“.
Сепак, таа не го знае нивниот идентитет.
Денес Тања живее во Пиран, работи како медицинска сестра, а и самата е мајка.
Поради траумата од детството, вели дека била опседната со безбедноста на нејзиниот син кога бил помал, но сега е поопуштена.
Спирова С. | Црнобело
