По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган
Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во кома. Но, среќата вистински му се насмевнала – во период од една година, освоил автомобил со грепка, а потоа уште 250.000 долари, и тоа на телевизија, додека раскажувал за првата добивка.

Бил Морган од Австралија е нарекуван и најсреќниот човек на земјата.
Во 1990-тите, по сообраќајка во која речиси го загубил животот, тој освоил автомобил со грепка, а додека пред телевизиска камера зборувал за добивката, освоил и огромна парична сума.
Моментот кога ја греби втората добитна грепка е овековечен и на снимка која повремено „испливува“ на социјалните мрежи.
Детали за одисејата на Бил (и што прави денес):
Во 1998-ма, тогаш 37-годишниот Бил Морган живеел во камп-приколка во предградието на Мелбурн.
Работел како камионџија, а имал и проблеми со срцето за што примал терапија.
Но, додека управувал со камионот, имал алергиска реакција на нов лек за проблемите со срцето и доживеал инфаркт.
Бидејќи изгубил свест, предизвикал сообраќајка и цели 14 минути бил клинички мртов. Болничарите некако успеале да го врата во живот, но Бил бил во кома.
Иако медицинскиот тим не верувал дека ќе преживее, само неколку денови подоцна, тој се разбудил.
„Додека лежев во болницата, си помислив ’Боже, изгледа го преживеав ова‘. Имам само 37 години, на оваа возраст имам многу да очекувам од животот“, споделил Бил тогаш за локалните медиуми.
И, навистина имал што да очекува бидејќи во период од една година, среќата на Бил целосно се променила.
Најпрво, лекарите му рекле дека е медицинско чудо штом ја преживеал несреќата.
Околу една година подоцна, си купил грепка и освоил автомобил – Toyota Corolla која тогаш чинела околу 30.000 долари.
Во меѓувреме, се свршил и со неговата девојка.
