„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела“

„Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само за да зема пари од дарежливи луѓе, туку и да си ја задоволи нејзината желба за внимание, сочувство и восхит“.

na-6-godini-majka-mi-mi-kazha-deka-imam-rak-mi-davashe-terapii-i-mi-ja-izbrichi-kosata-no-me-lazhela-01.jpg

Таканаречениот Минхаузенов синдром претставува нарушување поради кое луѓето измислуваат симптоми и лажат дека страдаат од некоја болест.

Постои и друг вид на овој синдром, Минхаузенов синдром преку посредник, кога родител (или старател) лажира цела болест кај своето дете.

Родителот самиот има сериозно ментално нарушување, но со оваа лага го нарушува психичкото, но и физичкото здравје на детето.

Хана Комбс од Англија пораснала со ваков родител – нејзината мајка ја лажела дека има рак.

na-6-godini-majka-mi-mi-kazha-deka-imam-rak-mi-davashe-terapii-i-mi-ja-izbrichi-kosata-no-me-lazhela-02.JPG

Својата потресна приказна, таа ја споделува за Daily Mail:

„Некаде во мојата куќа, во некоја кутија, има цртеж од три човечиња. Секое со долги нозе и солзи. Ова е слика што кажува 1.000 зборови, сите од нив премногу болни за да се слушнат.

Како во секој дом со мали деца, и кај мене има безброј детски цртежи. Но, овој цртеж не е нацртан од моите деца. Нацртан е пред 24 години, од шестгодишно девојче кое мислеше дека умира. Тоа девојче бев јас.

Се сеќавам дека бев во канцеларијата на советникот кој ми рече да нацртам како се чувствувам за ракот што ми кажаа дека го имам, и за фактот дека веројатно наскоро ќе умрам.

Бев исплашена, збунета и многу тажна од помислата дека ќе ги напуштам семејството, пријателите и моето куче.

Очајно се надевав дека рајот ќе биде убав како што ми кажуваа сите.

na-6-godini-majka-mi-mi-kazha-deka-imam-rak-mi-davashe-terapii-i-mi-ja-izbrichi-kosata-no-me-lazhela-09.JPG

Помислата дека некое дете умира ги плаши повеќето луѓе – особено родителите. Но, мајка ми не беше воопшто преплашена. Таа уживаше.

Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само за да зема пари од дарежливи луѓе, туку и да си ја задоволи нејзината желба за внимание, сочувство и восхит.

Во 2003-та беше осудена на шестгодишна затворска казна за загрозување на дете и кражба.

Со измами натера 65 луѓе и бизниси да донираат над 30.000 долари за мојата измислена болест.

na-6-godini-majka-mi-mi-kazha-deka-imam-rak-mi-davashe-terapii-i-mi-ja-izbrichi-kosata-no-me-lazhela-06_copy.JPG

Татко ми, Боб, беше целосна спротивност на неа. Некои од моите најсреќни сеќавања се како играм друштвени игри со него.

Но, за луѓето однадвор, мајка ми изгледаше совршено – медицинска сестра која е грижлива и посветена. Зад затворени врати, беше студена и злобна.

na-6-godini-majka-mi-mi-kazha-deka-imam-rak-mi-davashe-terapii-i-mi-ja-izbrichi-kosata-no-me-lazhela-8.JPG

Бев здраво дете. Но, еден ден во 2001 година, додека татко ми беше на работа, настинав.

Одеднаш почнаа да ме прегледуваат доктори, ми направија магнетна резонанца и истата ноќ, мајка ми ги соопшти ’ужасните вести‘ – имам рак.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg