„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела“

Зборуваше за леукемија, тумори, хемотерапија и радијација. Не разбирав голем дел од она што го кажуваше, но ја разбирав тагата на лицето на татко ми.

Од тој момент, животот се вртеше околу мојата ’болест‘. Утрата почнуваа со лекови што правеа да се чувствувам лошо.

Секоја недела мајка ми ме носеше на хемотерапија. Заспивав таму, а се будев на патот до дома со главоболки. Ми кажуваше колку сум била храбра.

na-6-godini-majka-mi-mi-kazha-deka-imam-rak-mi-davashe-terapii-i-mi-ja-izbrichi-kosata-no-me-lazhela-7.JPG

На училиште, сите знаеја. Носев заштитна маска на лицето. Имаше и фрижидер за моите ’специјални лекови‘. Го мразев вниманието што го добивав, но мајка ми го сакаше.

Добиваше сожалување од соседите и непознати луѓе. Се организираа кампањи за донации. Во продавниците имаше кутии за донации со моја фотографија.

Едно утро се разбудив и сфатив дека сум ќелава. Почнав да викам. Мајка ми ме тешеше, ми рече дека паѓањето на косата е нормално по хемотерапија и ми даде капа.

Не ми беше чудно што немаше коса на мојата перница. Имав шест години.

na-6-godini-majka-mi-mi-kazha-deka-imam-rak-mi-davashe-terapii-i-mi-ja-izbrichi-kosata-no-me-lazhela-05.JPG

По седум месеци, ми рече дека терапијата не функционира. Дека можно е да имам само неколку недели живот.

Постојано мислев на рајот. Се прашував зошто Бог ме избрал мене. Плачев за животот што нема да го имам.

Мајка ми ме однесе на ’советувалиште за смрт‘ каде што ги нацртав трите расплакани човечиња.

И тогаш, одеднаш, сè се сруши.

na-6-godini-majka-mi-mi-kazha-deka-imam-rak-mi-davashe-terapii-i-mi-ja-izbrichi-kosata-no-me-lazhela-04.JPG

Еден ден од училиште ме зедоа полицаец и неколку социјални работници. Истат ноќ, татко ми ми ја кажа вистината – немам рак, нема да умрам. Мајка ми лажела.

Прво почувствував огромна радост, потоа збунетост, потоа страв.

Мајка ми беше уапсена. И двајцата родители беа обвинети и јас бев сместена во дом за сираци додека полицијата истражуваше.

Со текот на времето, ја дознав целата лажна приказна.

Никогаш не сум била во болница. Немало лекари. Маја ми ми давал непотребни лекови и апчиња за спиење, а потоа ми кажувала дека сум била на хемотерапија.

na-6-godini-majka-mi-mi-kazha-deka-imam-rak-mi-davashe-terapii-i-mi-ja-izbrichi-kosata-no-me-lazhela-10.JPG

Ми ја избричила главата додека сум била под дејство на седативи.

Ја фатиле кога советникот пробал да ме номинира во добротворна организација за смртно болни деца и сфатил дека нема никаков здравствен картон за мене.

Мајка ми отиде во затвор. Татко ми, иако невин во моите очи, призна вина за загрозување на дете за да не мора јас да сведочам. Помина речиси пет години во затвор. Ова ме скрши.

Со години се обвинував себеси. Телото ми изгледаше како да не е мое. Секоја главоболка ме плашеше. Не му верував на никој – дури ни на мене.

na-6-godini-majka-mi-mi-kazha-deka-imam-rak-mi-davashe-terapii-i-mi-ja-izbrichi-kosata-no-me-lazhela-03.JPG

По некое време почнав да живеам со тетка ми. Кога татко ми беше ослободен, се сретнавме со плачење. И тој бил жртва на манипулација. Потоа се разведе со мајка ми и сега пробува да си го изгради животот.

На 19-годишна возраст го запознав мојот сопруг, Танер. Љубовта кон него и тоа што и самата станав мајка ми помогна да закрепнам.

Сум ја видела мајка ми само неколкупати. Не ѝ дозволувам веќе да има моќ над мојот живот. Не ја мразам. Но да ѝ простам? Мислам дека никогаш нема“.

Прочитајте и: Мајка ѝ ја лажела дека има леукемија, ја терала да користи инвалидска количка: Морничавата приказна за Џипси Роуз

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg