„Имам 4 кредитни картички и долг од 90.000 € што го кријам од сопругот – сепак потрошив богатство за подароци за Божиќ“

„Додека купував подароци кои не можам да си ги дозволам, бев свесна дека морам да преземам контрола. Но, помислата дека моите деца ќе немаат куп подароци за Божиќ прави да се чувствувам лошо“.

imam-4-kreditni-kartichki-i-dolg-od-90-000-shto-go-krijam-od-soprugot-sepak-potroshiv-bogatstvo-za-podaroci-za-bozhikj01.jpg

Зависноста од шопинг станува почест проблем благодарение на онлајн купувањето.

Луѓето кои го имаат овој проблем обично се свесни за него, но сепак не можат да се контролираат и неретко заглавуваат во огромни долгови кои може да биде особено тешко да се исплатат.

Притоа, некои луѓе успешно ги кријат зависноста и долговите од нивите блиски, вклучувајќи ги и партнерите, па немаат ни поддршка за да се справат со проблемот.

Во ваква ситуација е 47-годишна жена од Англија, која анонимно ја споделува својата приказна за магазинот The Sun.

imam-4-kreditni-kartichki-i-dolg-od-90-000-shto-go-krijam-od-soprugot-sepak-potroshiv-bogatstvo-za-podaroci-za-bozhikj-02.JPG

Нејзината исповед во продолжение:

Додека размислував дали да го притиснам копчето „купи“ на Amazon, срцето ми чукаше забрзано. Видеоигрите и електронските уреди што ми беа ставени во кошничка чинеа најмалку 300 фунти (околу 340 евра), но анксиозноста ми се влоши бидејќи знаев дека на сметката немам воопшто пари.

Со треперење ги внесов податоците од мојата кредитна картичка и се надевав на најдоброто бидејќи веќе не ни знаев во колкав минус сум.

Но, вистината е дека тоа не е мојата единствена кредитна картичка, туку една од четири. Исто така имам профил на платформа која нуди опција „купи сега плати подоцна“, а имам извадено и два огромни кредита.

Само неколку дена претходно, решив дека е време да почнам да си ги исплаќам долговите. И, мислам дека почна да ми се гади кога открив дека имам долг од 90.000 евра.

Дури и додека купував подароци од Amazon кои не можам да си ги дозволам, бев свесна дека морам да презема контрола.

Но, помислата дека моите деца ќе немаат огромен куп подароци за Божиќ прави да се чувствувам лошо.

imam-4-kreditni-kartichki-i-dolg-od-90-000-shto-go-krijam-od-soprugot-sepak-potroshiv-bogatstvo-za-podaroci-za-bozhikj-04.JPG

Знам дека не сум единствената која ги покрива трошоците за Божиќ со пари што ги немам. Многу луѓе користат кредитни картички и кредити.

Знам дека јас сум екстремен случај, но така почна и мојот проблем.

Јас и мојот сопруг 21 година сме во среќен брак. Но, тој не знае колку е голем мојот долг. Тој мисли дека сè е под контрола.

Секое утро ги будам нашите синови и им ги пакувам училишните оброци. Кога ќе се разбуди сопругот, Чарли, му ставам совршено направено капучино од нашиот кафемат од 500 евра што го купив со кредитна картичка.

Дотогаш јас сум веќе подготвена и средена за да одам на работа во салон за убавина.

И, тука е коренот на мојот проблем – мојата потреба да изгледам совршено, да ги имам најновите работи, додека не заработувам ни приближно доволно за таков начин на живот.

imam-4-kreditni-kartichki-i-dolg-od-90-000-shto-go-krijam-od-soprugot-sepak-potroshiv-bogatstvo-za-podaroci-za-bozhikj-05.JPG

Се отпишав од училиште на 16 години и веднаш почнав да работам во салон за убавина. Не заработував многу, но бидејќи живеев со моите родители, ми беше доволно. Многу поважно - никогаш не научив да штедам.

До средината на 20-тите, веќе имав неколку кредитни картички. Кога го запознав сопругот на 30-годишна возраст, веќе имав долг од околу 11.000 евра.

Тогаш си реков дека ќе се променам, дека ќе престанам да барам среќа во купувањето, но ова не се случи.

Не можев да се натерам да му кажам на Чарли. Го сакав и не сакав да има лошо мислење за мене.

Ситуацијата се влоши откако го добивме првиот син во 2011-та. Јас најмногу се грижев за него, почнав да работам со пола работно време, па имав и пониска плата.

Платата не беше лоша, но не беше доволна за моите долгови.

imam-4-kreditni-kartichki-i-dolg-od-90-000-shto-go-krijam-od-soprugot-sepak-potroshiv-bogatstvo-za-podaroci-za-bozhikj-06.JPG

За овој Божиќ, купив таблет за сопругот, дрон за едниот син и видеоигри за другиот син. За мене си купив луксузен крем за лице.

Го надминав лимитот за можеби 1.000 евра, но пробувам да не мислам на јануари и сметките што ќе стигнат тогаш.

Чувствувам притисок да трошам и на искуства. Не сакам моите деца да испуштат ништо, па им купив скапи влезници за забавен парк за Божиќ.

Најлошиот дел од целата ситуација е тоа што го кријам долгот од Чарли. Се плашам дека ова може да уништи сè.

imam-4-kreditni-kartichki-i-dolg-od-90-000-shto-go-krijam-od-soprugot-sepak-potroshiv-bogatstvo-za-podaroci-za-bozhikj-03.JPG

Некогаш си замислувам како му кажувам на Чарли и како ме прегрнува и ми вели дека ќе ми помогне да го исплатам долгот.

Но, во реалноста знам дека ќе биде гневен и повреден и се плашам дека ова може да го растури нашиот брак.

Вчера ме праша како одат подготовките за Божиќ. Му реков дека сè е во ред, а додека ме прегрнуваше, ми стигна потсетник дека треба да платам рата од кредитна картичка.

Истиот ден, нарачав нови завеси, иако оние што ги имаме се сосема во ред.

Си ветив себеси дека во јануари ќе се променам. Планирам да одам на советувалиште за зависност од шопинг – досега не сум го пробала тоа.

Сега само се молам дека до следниот Божиќ ќе бидам во подобра состојба и можеби мојот сопруг никогаш нема да мора да дознае за ова.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Фотки што ќе ве разгневат: Мрзливи мажи кои очекуваат сопругата да им биде и слугинка „Бев отсутна од дома цела недела. Сопругот направил куп со неговата валкана обле...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
„Се родив во култ – на 14 години ме натераа да се венчам со братучед, но избегав и помогнав да се фа... „На 14-годишна возраст бев присилена да се венчам со мојот братучед. И покрај це...

Најчитани неделава