Татко ѝ беше убиен, брат ѝ загина во авионска несреќа, детето ѝ почина од рак: Тажниот живот на ќерката на Џон и Џеки Кенеди

„Клетвата“ на нејзиното семејство се појави уште еднаш, во 1999 година, кога почина нејзиниот брат Џон Ф. Кенеди Џуниор.

tatko-beshe-ubien-brat-zagina-vo-avionska-nesrekja-deteto-pochina-od-rak-tazhniot-zhivot-na-kjerkata-na-dzhon-f-kenedi-10.JPGКеролин и брат ѝ, една година пред неговата смрт

Веќе спомнавме, едниот брат на Керолин починал само два дена по раѓањето.

Па, со смртта на Џон Ф. Кенеди Џуниор, таа остана единственото живо дете на поранешниот претседател.

Џон Ф. Кенеди Џуниор загина вo авионска несреќа, на само 38-годишна возраст. Со него загина и неговата сопруга.

По толку многу трагедии, Керолин одлучи да не организира јавен погреб за брат ѝ. Наместо тоа, го кремира неговото тело, а на меморијалната служба присуствуваа само најблиските.

tatko-beshe-ubien-brat-zagina-vo-avionska-nesrekja-deteto-pochina-od-rak-tazhniot-zhivot-na-kjerkata-na-dzhon-f-kenedi-05.JPGКеролин на погребот на брат ѝ

Овој период Керолин имаше 41 година и беше во брак со артистот Едвин Шлосберг.

Се венчаа во 1986-та, а заедно добија три деца – Роуз, Татјана и Џек.

Но, се чини дека „клетвата“ уште ја следи Керолин бидејќи неодамна почина и нејзината ќерка Татјана.

tatko-beshe-ubien-brat-zagina-vo-avionska-nesrekja-deteto-pochina-od-rak-tazhniot-zhivot-na-kjerkata-na-dzhon-f-kenedi-06.JPGКеролин со починатата ќерка

Татјана беше успешна новинарка и имаше пишувано некои од најпознатите американски медиуми како The New York Times и The Washington Post.

Керолин, пак, беше американска амбасадорка во Јапонија за време на мандатот на Барак Обама.

Кога Џо Бајден беше претседател, таа стана амбасадорка во Австралија.

Минатата година, Керолин соопшти дека ја напушта својата позиција, уште пред претседателските избори, но не сподели детали.

tatko-beshe-ubien-brat-zagina-vo-avionska-nesrekja-deteto-pochina-od-rak-tazhniot-zhivot-na-kjerkata-na-dzhon-f-kenedi-04.JPGПочинатата ќерка на Керолин

Во ноември 2025-та, ќерка ѝ Татјана откри дека е дијагностицирана со леукемија.

Таа напиша емотивен есеј во кој сподели дека лекарите ја забележале болеста за време на рутинска проверка, по раѓањето на нејзиното второ дете.

„Може да биде нешто поврзано со бременоста и породувањето, ми рече докторот, или може да биде леукемија“, пишува во есејот на Татјана.

tatko-beshe-ubien-brat-zagina-vo-avionska-nesrekja-deteto-pochina-od-rak-tazhniot-zhivot-na-kjerkata-na-dzhon-f-kenedi-02.JPGКеролин со сопругот, брат ѝ и неговата сопруга

Татјана откри и дека не забележала подобрување со хемотерапија, ниту со посебна терапија за леукемија.

На 30-ти декември, беше соопштено дека Татјана ѝ подлегнала на болеста.

„Нашата убава Татјана почина ова утро. Засекогаш ќе биде во нашите срца“, стои во официјалното соопштение.

Керолин се нема огласено за трагичната смрт на ќерка ѝ, но тажните околности уште еднаш ги разгореа шпекулациите за „клетвата на семејството Кенеди“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg