Пет типови на луѓе кои треба да ги избегнувате на Фејсбук

pet-tipovi-na-lugje-koi-treba-da-gi-izbegnuvate-na-facebook-povekje„Ќе те додадам на Facebook“ , денес можеме почесто да слушнеме отколку „ќе ти го дадам бројот од мојот мобилен“. 900 милиони корисници на оваа...


...социјална мрежа се поврзуваат со своите пријатели, роднини, деловни пријатели и познаници.

На листата на пријатели ќе се најдат и неколку типови на луѓе за кои ќе посакате никогаш да не сте се спријателиле на Facebook.

Поврзаноста со такви луѓе на Facebook може, на пример, да ги доведе во опасност вашите лични податоци.

The Huffington Post дава четири вида корисници на Facebook кои поради сигурност на личните податоци би требало да ги избегнувате:

1. Странци

Повеќето луѓе на Facebook немаат проблеми со додавањето на луѓе кои воопшто не ги познаваат. Според неодамнешното истражување секој петти корисник ќе додаде странец за пријател. Доколку навистина сакате да бидете во интеракција со луѓе кои не ги познавате размислете за опцијата 'subscribe', така што на другите можете да им дозволите да ги следат вашите објави без да ги додадете за пријатели.

2. Луѓе кои сакаат секого да додадат

Ако знаете дека некој сака да додава баш секого за пријател, имајте на ум дека на бројните непознати им се достапни вашите лични податоци. Затоа доколку на својата листа на пријатели имате таков, оневозможете ја видливоста на вашит еподатоци за „пријателите не вашите пријатели“.

3. Бивши девојки/дечковци на вашиот дечко/девојка

Пријателството со бившите љубови на вашата втора половина може да открие некои коментари или фотографии кои не би сакале да се видат. Исто така, пријателството со нив може да биде незгодно и поради информациите кои вие не сакате да ги видите. Освен ако вашиот партнер со бившите останал во пријателски односи, па вие сакате да го следите секој нивни чекор на Facebook.

4. Вашиот шеф

Ако се случи на Facebook да ставите некоја своја грешка од работа, лесно би можеле да добиете отказ. Секако, сите грешат. Можете да се доведете во непријатна ситуација, било со статусот било со некоја фотографија. Подобро останете на „сигурно“ отколку подоцна да жалите.

5. Луѓе кои сакаат се да рекламираат

Некои луѓе може Newsfeed да ви го загушат со рекламни пораки од компании кои воопшто не ги следите. Доколку тоа сакате да го спречите, избегнувајте луѓе кои работат како ПР, музичари кои поставуваат премногу видеа или луѓе кои пишуваат статуси од типот „појадував пржени лепчиња“.

Би можело да ве интересира:

Најубавиот маж во САД се ожени со најљубоморната жена на планетата - Му го направи животот пекол, тр... Љубовната приказна на Џон Ф. Кенеди помладиот и неговата сопруга Керолин Бесет м...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
12 чудни работи низ светот кои најверојатно никогаш нема да ги видите во Македонија Скејт парк во форма на јајце на око, мотоцикл „облечен“ во фармерки, уринали пре...
Фотки кои покажуваат колку неверојатно (и уникатно) може да биде човечкото тело Личност родена без отпечатоци на прстите, девојче кое се родило со две бои на ко...
Фото докази нема ништо посилно од љубовта кон братот или сестрата „Другар ми секоја недела ѝ објаснува алгебра на сестра му преку видеоповик“. ...
8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови нор... Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат н...

Најчитани неделава