Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за музичарот Џери Ли Луис
Сепак, Џери бил дециден дека нема да оди без Мира, па смислил лага – кажувал дека Мира има 15 години.
Притоа, нагласил дека во Америка било сосема нормално маж да се венча со 15-годишна девојка.
Но, Мира не била свесна дека треба да лаже и таа ненамерно ја открила мрачната вистина.
Тажно во целата ситуација е што Мира жалела што ја открила својата вистинска возраст, а даде и вознемирувачка изјава за ова:
„Лесно можев да кажам дека сум негова ќерка. Ако некој ми кажеше нешто за лагата, ќе можевме да го спречиме сето ова“.
По само неколку концерти во Англија, јавноста дознала дека сопругата на Џери има само 13 години.
Медиумите почнале да го опишуваат како „крадец на бебиња“ и „ограбувач на креветчиња“, а реакциите на јавноста биле толку негативни, што Џери бил присилен да ја напушти земјата.
Реакцијата на Британците, пак, ја зголемила свесноста и кај Американците.
Па, кога Џери се вратил дома, не го добил очекуваниот пречек – веќе никој не бил заинтересиран за музиката на педофил.
Продажбата на билетите за неговите концерти драстично опаднала и станало јасно дека Џери дефинитивно нема да го замени Елвис Присли.
Сепак, иако не успеал да се прослави како рок-музичар, Џери Ли Луис постигнал некаков успех како кантри изведувач.
Останал во брак со Мира до 1970 година, а заедно добија и две деца. Џери почина во 2022 година, додека Мира денес има 81 година.
И, таа уште смета дека немало ништо лошо во нивниот брак. Таа дури и има изјавено дека светот едноставно не бил подготвен за рокенрол музика, па затоа Џери не успеал да се прослави.
„Бараа место каде да го погодат рокенролот. И, Џери им го покажа местото. Впрочем, јас им го покажав кога ја открив мојата возраст“.
Моментално Мира е во брак со нејзиниот трет сопруг, тенискиот тренер Ричард Вилијамс.
Спирова С. | Црнобело
