Без семафори и правила: Како изгледале сообраќајните метежи во минатото? (фото)
Градовите немале инфраструктура за автомобили, но ова не ги спречувало луѓето да ги купуваат и да ги користат. Па, без знаци, семафори и правила, владеел вистински хаос.

Ако живеете во град, особено поголем како Скопје, веруваме дека ви е смачено од сообраќајниот метеж.
Но, можеби ќе ви биде утеха дека хаосот во сообраќајот бил уште поголем во минатото.
Кога се појавиле автомобилите и јавниот превоз, градовите уште немале соодветна инфраструктура за нив. Не постоеле семафори, немало сообраќајни знаци, а немало ни правила кои требало да се следат.
Улиците не биле асфалтирани, на многу места немало ни калдрми, туку само кал, па можете да замислите каков хаос се случувал.
Неколку фотки од 19-ти и 20-ти век кои покажуваат како изгледал сообраќајниот метеж во минатото:
Сообраќај на крстосницата Oxford Circus во Лондон, 1888 година

Лондонскиот мост во 1900 година

Јавен превоз во Лондон, 1990 година

Раскрсница во Лос Анџелес, 1920-ти години

Автопат покрај реката Темза, Лондон, 1926 година

Сообраќаен метеж во Лос Анџелес во близина на трговски центар, 1927 година

Сообраќаен метеж во Берлин, 1927 година
