Љубовницата му носела други жени, живее раскошно во Русија по падот на неговиот режим: Кој е поранешниот диктатор на Сирија?
Сепак, Башар дефинитивно ја напуштил Сирија бидејќи по падот на неговиот режим, во родната земја го чека апсење, но и егзекуција.
Што се однесува до негово бегство, се зборува дека Путин бил тој што го оркестрирал, а за никој да не знае каде е, се користеле и двојници.
Односно, биле изведени неколку спасувачки операции на разни места.
Минатата година, Башар добил азил во Русија, па сега се шпекулира за тоа каде се крие со семејството.
Некои извори велат дека живее раскошен живот во Москва, каде има максимално обезбедување.
Некои извори велат дека се наоѓа во раскошна куќа на тајна локација каде е умешно скриен од очите на јавноста, како и од новиот лидер во Сирија кој бара негова екстрадиција.
Други извори велат дека Башар е лоциран во луксузен облакодер во Москва, каде што поседува над 20 апартмани.
Наводно дури и слободно се движел низ градот бидејќи имал добра заштита.
„Тој и неговото семејство можат да се движат слободно низ Москва. Имаат лични телохранители што им ги плаќа руската влада.
Башар живее во три апартмани во кула, под која има и трговски центар“, вели извор.
Според изворот, уште бил опседнат со видеоигри и голем дел од времето минувал во оваа активност.
Истиот извор вели и дека неговата сопруга боледува од рак – првпат била дијагностицирана во 2018-ма и се излечила. Но, болеста се вратила во 2024-та.
Прочитајте и: „Живееше со мене во пештери 14 години, се селевме 49 пати“ - Која е сопругата на новиот претседател на Сирија?
Спирова С. | Црнобело
