Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф Лорен и сопругата Рики
Рики инаку е авторка на неколку книги, студирала фотографија и се занимава и со уметност, па креативноста е постојано присутна во нејзиниот живот.
Парот има неколку домови, а еден од нив е куќата во Хемптонс, која ја поседуваат од 80-тите години, а има посебно значење за целото семејство.

„Хемптонс секогаш било посебно место за нас, уште од кога нашите деца беа многу млади.
Храната на Рики и нејзиниот креативен начин на кој ја поставува масата или ја полни кошницата за пикник на плажа, секогаш бил личен подарок за нас“ – изјавил Ралф.

Таа секогаш го поддржува во неговата кариера и е присутна во првите редови на ревиите, а сега оставија посебен впечаток кога заедно се поклонија и покажаа дека љубовта уште постои.


М. М. | Црнобело
