„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000 долари“
Жена од Англија запознала млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш почнале да се гледаaт. Кога ѝ кажал дека нема пари за кирија, без двоумење му позајмила, а кога ѝ рекол дека сака да отворат заеднички бар, извадила и кредит. Но, предоцна сфатила дека дечкото е измамник.

Додека некои ги гледаат летните романси како забава и авантура која некогаш се претвора во нешто посериозно, не така ретко, ваквите врски имаат само една цел – измама и крадење.
Во овој случај, измамникот обично е локалец и заведува турист, лажејќи го дека сака љубовна врска со него. Но, вистинската намера му е да ја измами жртвата за своја финансиска корист.
Како што споделува The Sun, ваквите измами драстично зачестиле оваа деценија, а најмногу пари губат луѓе на возраст од 65 до 74 години.
Во ваква ситуација се нашла британката Лиса Дадли која почнала врска со помлад маж додека била на одмор во Турција. Но, на крај останала и без љубовник, и без пари.
Минатото лето, Лиса отишла во Турција по повод 60-тиот роденден на нејзина братучетка.
Кракто откако пристигнала, отишле во локал каде ги услужил млад бармен што веднаш ѝ се допаднал на Лиса.
Дотогаш таа била сингл веќе десет години и безуспешно пробувала да најде љубов на апликации за состанување.
„Беше прекрасен и беше мој тип. Па, бев среќна што почна да разговара со мене. Првата вечер дури и се бакнавме во тајност“.
Барменот ѝ се претставил како Сем, ѝ кажал дека има 34 години, а на крајот од вечерта си размениле броеви.
Следниот ден Лиса повотрно се сретнала со Сем – овој пат отишле во неговиот изнајмен стан.
„Сексот беше одличен и ја направи нашата емоционална конекција уште посилна. Звучи лудо, но јас бев сигурна дека доживеав љубов на прв поглед“.
Но, само неколку денови подоцна, Сем ѝ се пожалил на Лиса дека не може да си ја плати киријата. Дури ѝ побарал и 3.000 долари за да може да изнајми поголем стан кој ќе бил доволно удобен за двајцата.
„Верував дека ќе ми ги врати парите, па му префрлив 3.000 долари од мојата заштеда. Малку бев нервозна.
Имав читано за измами со романтични врски, но меѓу нас немаше некоја голема возрасна разлика.. Бев убедена дека она што го имаме е вистинско“.
По десет дена во Турција, Лиса морала да се врати назад во Англија, а со Сем се договориле да останат во контакт.
„Сем ме бакна и ми кажа дека ме сака. Бев изненадена што ми го кажа ова толку брзо, но додека си одев дома, не можев да престанам да плачам.
Ова не беше само летна авантура. Навистина се вљубив во него. Зборувавме постојано и по неколку денови откако се вратив во Англија, му кажав дека и јас го сакам“.
