„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000 долари“
Неполн месец подоцна, Лиса повторно отишла во Турција каде го видела Сем.
„Отидов да го видам во барот каде што работеше и ме бакна на образот. Но, наредните неколку денови како да држеше дистанца и беше преокупиран со неговиот телефон.
Бев разочарана и збунета. Се прашував што се има променето“.
Лиса отседнувала во изнајмен стан со нејзината братучетка, додека Сем ѝ се пофалил дека планира да купува стан.
„Станот беше ужасен. Но, му верував и додека траеше патувањето уште еднаш спиевме заедно“.
По неколку денови, Сем повторно побарал пари од Лиса, но не толку директно.
„Ми рече дека сакал да има свој бар, како и дека нашол еден кој можеме да го водиме заедно, како партнери. Имав работено во бар во Тенерифе и ми се допаѓаше.
Па, ова ми беше како да им се остварил сон. Ми рече дека ќе чини 15.000 долари и ме праша дали имам толку пари.
Немав, но реков дека можам да извадам кредит. Сем ми рече да ми го покаже барот, но никогаш не стигнавме да отидеме и сега жалам за тоа“.
Кога се вратила во Англија, Лиса почнала постапка за кредит, но не ѝ одело најлесно.
Ја прашувале за што ѝ се потребни парите, а Лиса вели дека во паника кажала дека сака да купи куќа во Турција.
„Лажев бидејќи не сакав да ми го одбијат барањето. Сем ме притискаше да го извадам кредитот што е можно побрзо.
Но, од банката не сакаа да ги префрлат парите на сметката што ми ја даде Сем. Кога сега ќе се присетам, посакувам да им ја кажев вистината во банка“.
Сепак, Лиса нашла начин да извади кредит и да му ги префрли парите на Сем.
„Податоците за акаунтот на којшто ги праќав парите беа на мажот што го поседуваше барот, па поради ова целата зделка ми делуваше реално. Ако му ги префрлав директно на Сем, мислам дека ќе внимавав повеќе“.
Лиса и Сем продолжиле да зборуваат, но вели дека тој сè поретко ѝ пишувал. Најчесто изговорот му бил дека нема добар интернет.
Лиса направила план да оди во Турција во октомври истата година, но нејзините родители го виделе извештајот од банка, заедно со кредитот.
„Мајка ми ми кажа дека знаеле што сум направила. Не беа гневни, само разочарани. Со татко ми нашле други жени од Англија кои предупредувале за Сем.
Ми се преврте во стомакот, но бев сигурна дека Сем е искрен. Дури и кога мајка ми ми рече дека Сем ме лаже, не сакав да ѝ верувам. Бев убедена дека Сем ме сака и дека сите други грешат“.
Во септември, еден месец пред планираното патување во Турција, пријателите на Лиса ѝ покажале уште неколку објави за Сем од жени кои биле измамени од него. Дури тогаш почнала да ја прифаќа вистината.
Кога Лиса го прашала за измамите, тој негирал, а потоа си го променил и телефонскиот број.
„Ме измами, ми го скрши срцето и ми украде 18.000 долари. Плачев цело време и едвај можев да јадам нешто“, споделува Лиса.
Лиса се консултирала со правници и сега се обидува да врати барем дел од украдените пари.
Вели дека огромна помош ѝ биле и родителите кои ѝ помогнале да го плати кредитот во банка и да ја избегне големата камата.
Моментално живее со нив, а им плаќа кирија.
„Пред да го сретнам Сем, планирав да се иселам и да си најдам мој дом. Но, сега не можам да си дозволам. Во меѓувреме добив дијагноза за анксиозност и депресија...
Кога помислувате на летни романси, сигурно си замислувате како млади мажи мамат постари богати жени за пари, но ова беше поразлично.
Никој не мисли дека може да му се случи нешто вакво. Но, јас сум доказ дека може да ви се случи и вас“.
Прочитајте и: „Ми се претстави како милијардер и ме однесе на одмор во Бугарија, доцна сфатив дека е измамник“ - Жена споделува хорор искуство
Спирова С. | Црнобело
