„Се преселивме во Виетнам на 10 минути од плажа – за сметки и кирија плаќаме 325 € месечно, за храна само 20 € неделно“
„Живееме во Да Нанг и плаќаме 325 евра за кирија и сметки. Во оваа сума се вклучени вода, струја и интернет. Неделно трошиме 20-тина евра за намирници. Некогаш јадењето во ресторан е поевтино отколку да готвиме дома. Во традиционален виетнамски ресторан, можете да купите оброк и пијалак за помалку од 3 евра“.

Зголемените трошоци за живот во комбинација со ниски плати се проблем што е присутен во скоро секоја земја.
Мнозинството луѓе живеат од плата за плата и работи што за претходните генерации биле норма, за многумина денес се сметаат за луксуз.
Изморена од ваквиот начин на живот, 29-годишна жена решила да ја напушти родната Ирска и да се пресели во Виетнам.
Кејти Смит и нејзиниот дечко Ден (32) сега живеат во Да Нанг, каде што трошат 20-тина евра месечно за намирници, а честопати одат и по ресторани каде што цел раскошен оброк чини само околу десет евра.
Во 2024-та, Виетнам беше прогласена за најприфатлива земја за живот во однос на платите и трошоците за живот.
„И јас и дечко ми живееме со родителите. Баравме стан за изнајмување, но ако изнајмуваме, ќе мораше да направиме договор за барем шест месеци, па и година.
Не знаевме што сакаме, но ни беше јасно дека не ни се останува во Ирска.
Сакаме да патуваме и поминавме четири месеци во Азија. Сфативме дека начинот на живот овде е совршен за нас – мирно е и релаксирано, па решивме да одиме во Виетнам и се преселивме во октомври.
Среќна сум што ја донесовме оваа одлука. Некогаш може да биде хаотично, но тука животот е многу поевтин“, раскажува Кејти за The Sun.
Во Ирска, Кејти била наставник асистент и соработувала со деца со специјални потребни во основни и средни училишта.
Но, вели дека едвај заработувал за да преживее. Иако не плаќала кирија, сепак живеела „од плата за плата“.
Сега Кејти работи како онлајн тутор и ужива во Виетнам.
„Работам само онлајн и презадоволна сум. Работам само околу 26 часа неделно“.
Сепак, Кејти признава дека животот не им бил совршен од мигот кога се преселиле во Виетнам.
