„Се преселивме во Виетнам на 10 минути од плажа – за сметки и кирија плаќаме 325 € месечно, за храна само 20 € неделно“
„Прво се преселивме во Ханој, но таму издржавме само десет дена. Ханој е убав град и вреди да се посети, но никогаш не спие – хаотично е, воздухот е многу загаден, па се преселивме во Да Нанг.
Го обожавам животот овде – се чувствувам безбедно, луѓето се пријателски настроени и живееме на 10 минути од плажа“.
Покрај сето ова, Кејти истакнува дека трошоците за живот се навистина минимални.
„Живееме во стан и плаќаме 325 евра за кирија и сметки. Во оваа сума се вклучени вода, струја и интернет. Храната е многу евтина. Неделно трошиме 20-тина евра за намирници.
Маркетите се многу евтини и бидејќи сум редовен купувач, некогаш ми даваат и бесплатни работи. Некогаш јадењето во ресторан е поевтино отколку да готвиме дома.
Во традиционален виетнамски ресторан, можете да купите оброк и пијалак за помалку од 3 евра“.
Кејти вели дека и третманите за убавина се многу евтини – за маникир плаќа околу 8 евра, а вели дека редовно ја мие косата на фризер бидејќи ова чини пет евра.
Додава дека и транспортот е многу евтин.
„Возиме велосипеди и ги изнајмуваме за околу 5 евра дневно. Евтин е и бензинот – за 4 евра ќе го наполните цел резервоар“.
Сепак, Кејти вели дека и животот во Виетнам има недостатоци.
„Сообраќајот во Ханој е хаос – за 20-минутно возење може да изгубите и цел час.
Во Да Нанг е помирно, но има метеж кога луѓето одат и се враќаат од работа.
Главниот недостаток овде се многуте градилишта. Почнуваат да работа уште од 7 наутро“.
Кејти истакнува и дека во Да Нанг се чувствува навистина безбедно, како и дека во иднина можеби ќе се врати во Ирска, но засега со дечко ѝ ќе останат во Виетнам.
Спирова С. | Црнобело
