„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“
Кони почнала да плива околу платформата за да најде место за качување, а тогаш Тед понудил да ѝ помогне.
„Но, не ми ја фати раката, туку ме грабна за коса и ми ја пикна главата под вода. Мислам дека ми ја држеше главата под вода цела минута.
Ми ја извади, не можев да викам, мајка ми беше далеку, па повотрно ми ја стави главата под вода.
Кога повторно ми ја извади можев да го видам како се смее. Изгледаше страшно. Неговите очи бе најгрдото нешто што сум го видела. Си помислив дека гледам во демон, а не човек“.
Веќе исплашена дека ќе умре, Кони ја искористила силата што ѝ преостанува за да нурне под платформата.
„Ми искорна голем прамен коса… И, одеднаш го почувствував дното на езерото со стапалата. Немав кислород, се чувствував како да ми горат белите дробови“.
За среќа, Кони успеала да исплива навреме и тогаш видела дека Тед плива кон брегот, а потоа избегал во шумата.
Кони излегла од езерото и отишла кај мајка ѝ, но вели дека таа не ѝ верувала.
„Не сакаше да ми помогне. Никој не ме слушаше. Па, еве ме, 58 години подоцна, зборувам за ова бидејќи уште живее во мене“.
Кони вели дека и по половина век, уште се плаши да влезе во вода од траумата.
Таа открива дека првпат го поврзала нејзиниот напаѓач со Тед Банди додека ја читала книгата The Stranger Beside Me од писателката Ен Рул, која била блиска пријателка со убиецот пред да ја дознае вистината за него.
Додека читала, ѝ станало јасно дека е истиот маж.
„Си помислив ’Боже, тој е мажот што проба да ме убие“.
Кони вели дека одлучила да ја сподели својата приказна бидејќи забележала дека некои луѓе денес се опседнати со Тед Банди.
„Мислам дека сега е уште попознат отколку што беше во 1970-тите. Ова ми пречеше и ме натера да се појавам во поткастот.
Сакам луѓето да знаат дека тој беше ладнокрвен убиец. Тој не е личност што треба да се велича. Тој само сакаше да ме види како умирам“.
Прочитајте и: Убил над 36 жени, не чувствувал вина за ниту една од нив – Кој е Тед Банди, најозлогласениот убиец на 20-тиот век?
Спирова С. | Црнобело
