„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докажа дека сум невина“

Додека биле испрашувани, ни Алберт ни Ешли не знаеле од што починала ќерка им. Но, Ешли истакнала дека породувањето било навистина комплицирано.

Сепак, обвинителите сметале дека бебето не би можело да биде повредено за време на породување.

pominav-11-godini-vo-zatvor-za-ubistvoto-moeto-novorodenche-kelnerka-shto-ne-ja-poznavav-dokazha-deka-sum-nevina-09.JPG

На поротата упорно ѝ било повторувано дека бебето било удрено, иако немало никави повреди на надворешниот дел од телото.

Дури и детективите изјавиле дека во домот на Алберт и Ешли не нашле апсолутно никакви докази за убиство.

Адвокатите на парот не биле добро подготвени, самиот судија се сметал за контроверзна личност и никој не ги земал предвид доказите, односно недостатокот од докази.

Па, на 29-ти октомври 2009 година, по четиричасовен разговор, поротата ги прогласила Ешли и Алберт за виновни.

„Колабирав. Плачев и врескав. Можев да слушнам дека и моето семејство плаче во судницата.

Бев гневна, огорчена, лута, разочарана“, вели Ешли за мигот кога ја слушнала пресудата.

pominav-11-godini-vo-zatvor-za-ubistvoto-moeto-novorodenche-kelnerka-shto-ne-ja-poznavav-dokazha-deka-sum-nevina-07.JPG

Кога им била изречена доживотната казна, Ешли вели дека решила да се помири со судбината.

„Научив да се справам со сето ова. Си реков подобро да направам нешто корисно, па се запишав на училиште“.

Додека била во затвор, Ешли студирала теологија, а потоа се запишала и на кулинарско училиште.

По неколку години, веќе изгубила надеж дека некогаш ќе излезе од затвор, но токму тогаш на помош им дошла жена која не ја ни познавала.

pominav-11-godini-vo-zatvor-za-ubistvoto-moeto-novorodenche-kelnerka-shto-ne-ja-poznavav-dokazha-deka-sum-nevina-11.JPG

Џоселин Ли, која работела како келнерка и немала никакво професионално искуство со право, сфатила дека Ешли и Алберт се неправедно осудени.

Па, цели девет години барала начин да ги ослободи.

Таа самата имала лошо искуство со судијата кога со нејзиниот поранешен сопруг воделе битка за старателство.

„Тоа што го видов во судницата беше вознемирувачко. Судијата беше неучтив и суров. Не беше личност која треба да суди.

За време на едно судење имаше изјавено ’Овде јас сум Бог и јас сум законот‘“, раскажува Џоселин за The Sun.

Во септември 2012-та, Џоселин ѝ напишала писмо на Ешли. Ешли мислела дека прво некој се шегува со неа, но сепак се согласила да се сретнат и брзо станале пријателки.

pominav-11-godini-vo-zatvor-za-ubistvoto-moeto-novorodenche-kelnerka-shto-ne-ja-poznavav-dokazha-deka-sum-nevina-13.JPG

Во наредните две години, Џоселин го давала најдоброто од себе за да ја докаже невиноста на парот.

Проверувала мејлови и документи, а го нашла и медицинското досие на починатото бебе кое не било понудено како доказ.

Џоселин открила дека имало предупредувачки знаци за проблеми со здравјето на бебето, но ни ова не било спомнато во судницата.

Стапила во контакт со други експерти, вклучувајќи медицински и дознала дека бебето се родило со сериозни здравствени проблеми.

pominav-11-godini-vo-zatvor-za-ubistvoto-moeto-novorodenche-kelnerka-shto-ne-ja-poznavav-dokazha-deka-sum-nevina-02.JPG

Според снимките, згрутчувањето на крвта во мозокот се формирало уште пред раѓањето. Ова создавало притисок на черепот кој бил многу тенок и неправилно формиран.

Комплицираното породување предизвикало дополнителна штета. Односно, Ешли и Алберт воопшто не биле виновни за смртта на ќерка им, туку нејзината здраствена состојба била многу лоша.

Во 2020-та, по битка која траела пет години, Ешли и Алберт конечно биле ослободени од затвор.

pominav-11-godini-vo-zatvor-za-ubistvoto-moeto-novorodenche-kelnerka-shto-ne-ja-poznavav-dokazha-deka-sum-nevina-10.JPG

Кога излегувала од судницата, на Ешли ѝ дале и урна со пепелта од починатото бебе.

Моментално Ешли и Алберт имаат започнато постапка со која бараат оштета за многуте години зад решетки. За жал, поради притисокот од целата ситуација, одлучиле да се разделат.

Џоселин, во меѓувреме, завршила правен факултет и го користи своето искуство за да им помогне на други луѓе во слична положба.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg