Најбогатите наследници на светот – станале милијардери „преку ноќ“
Миријам Аделсон
Миријам Андерсон му беше сопруга на могулот Шелдон Аделсон, основач на Las Vegas Sands.
Тој почина во 2021-ва, по што Миријам го наследи неговиот дел од бизнисот кој се проценуваше на 24 милијарди долари.
Денес богатството на Миријам се проценува на 30 милијарди долари.
Џовани Фереро
Џовани Фереро стана милијардер во 2015-та, откако по смртта на татко му наследи 75% од добро познатата компанија Ferrero.
Џовани доби толку голем дел од компанијата бидејќи неговиот брат почина во 2011-та, па тој остана единствен наследник од семејството.
Денес неговото богатство се проценува на околу 43 милијарди долари.
Лорен Пауел Џобс
Лорен Пауел наследи 10 милијарди долари по смртта на нејзиниот сопруг Стив Џобс.
Стив го поседуваше мнозинството од акциите во Apple, како и 7,3% од Walt Disney Company.
Денес богатството на Лорен се проценува на околу 13 милијарди долари.
Хју Гросвенор
Хју Гросвенор важи за најбогатиот аристократ од Обединетото Кралство и има повеќе пари дури и од кралот Чарлс.
Во 2016-та, тој го наследи имотот на неговиот татко Џералд, 6-тиот војвода од Вестминстер.
Па, на 25-годишна возраст, стана побогат за околу десет милијарди долари.
Прочитајте и: Брат му на Доналд Трамп и уште 4 богати наследници кои завршија неславно и трагично
Спирова С. | Црнобело
