Најбогатите наследници на светот – станале милијардери „преку ноќ“
Најбогатиот аристократ од Англија има повеќе пари и од кралот Чарлс, а наследи околу десет милијарди долари од неговиот покоен татко на само 25-годишна возраст.

Мнозинството милијардери во светот ги наследиле парите од нивните родители, но и сопружници.
Ако, пак, имаат помалку од 30-тина години, тогаш речиси сигурно ги наследиле парите, особено кога е во прашање сума поголема од десет милијарди долари.
Кои се најбогатите наследници во светот?
Џулија Кох
По смртта на нејзиниот сопруг Дејвид Кох, во 2019-та Џулија наследи 42% од акциите на Koch Industries, чија вредност се проценуваше на 50 милијарди долари.
Денес, уделот на Џулија се проценува на околу 65,9 милијарди долари.
Дејвид, пак, ја наследи компанијата од неговиот татко Фред, но тогашната вредност изнесувала „само“ седум милион долари. Па, во голема мера тој самиот е заслужен за огромниот успех.
Франсоа Бетанкур Мејер
Франсоа е најбогатата жена во светот и е внука на основачот на L’Oreal.
Во 2017-та, по смртта на мајка ѝ, таа наследи третина од познатата компанија за убавина.
Тогаш вредноста на нејзиниот дел се проценуваше на околу 40 милијарди долари, но денес се верува дека надминува и 100 милијарди.
Прочитајте и: Мајка ѝ ја избришала од тестаментот, за милијардите морала да се бори на суд - Факти за најбогатата жена во светот, Франсоа Бетанкур
Марк Матешиц
Марк важи за најбогатата личност во Австрија, како и најбогатиот милениумец во светот.
Во 2022-ра, на само 30-годишна возраст, тој наследи речиси половина од компанијата Red Bull, по смртта на татко му.
Тогашната вредност на неговиот дел беше околу 34 милијарди долари, додека денес изнесува речиси 40 милијарди.
Дејвид Томпсон
Дејвид Томпсон е најбогатиот Канаѓанец кој во 2006 година ја наследи Thompson Corporation од неговиот татко.
Наследството изнесуваше околу 19 милијарди долари, а бидејќи Дејвид ја купи и новинската агенција Reuters, денес неговото богатство се проценува на околу 70 милијарди долари.
