Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна?
Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ја чекаше смртната казна, со неа доби и ќерка. И покрај неговите злосторства, сопругата го посетуваше во затворот, па дури ја носеше и ќерка им со неа.

Злосторствата на психопатот Тед Банди се тема на разговор до денес, неколку децении по неговата смрт.
Додека самиот има признато 30-тина убиства, постои сомнеж дека бројот на неговите жртви е можеби и трицифрен.
Неговите жртви главно биле жени, но тој има убивано и деца.
Колку и да звучи бизарно, Тед Банди, кој се смета за еден од најозлогласените сериски убијци, добил дете додека бил зад решетки и ја чекал смртната казна.
А, неговата ќерка дефинитивно немала шанса за нормален живот.
Што знаеме за неговата ќерка и каде е денес?
Тед Банди ја доби ќерка му Роуз со неговата сопруга Керол Ен Бун.
Убиецот и Керол се запознале додека работеле заедно во Службата за итни случаи во Вашингтон, околу 1974 година.
Тој период, Тед уште бил во врска со друга жена – Елизабет Клепфер.
Оние кои ја познавале Керол ја опишуваат како интелигентна и забавна личност, а на почетокот со Тед биле само пријатели.
Кога се запознале, таа минувала низ развод од вториот сопруг, а самата има изјавено дека брзо се зближила со Тед:
„Веднаш ми се допадна. Добро се согласувавме.
Ми делуваше како срамежлива личност на која ѝ се случуваат многу повеќе работи од она што се гледа на површината“.
Кога Тед бил обвинет за бројните убиства, Керол била убедена дека е невин.
Откако, пак, тој беше затворен, таа постојано го посетувала и овој период нивната врска станала романтична.
Не се познати многу детали за нивната врска, но Керол редовно го придружувала на сослушувањата и му ја давала својата поддршка.
Таа дури и се преселила од Вашингтон во Флорида за да биде поблиску до Тед за време на судењето.
Керол некако успеала да го убеди управителот на затворот да ѝ дозволи да го посетува Тед како брачен партнер. Односно, добивале време насамо за да можат да спијат заедно.
Се претпоставува и дека Керол шверцувала дрога и пари во затворот за Тед.
Како што спомнавме, Керол присуствувала на судењата на Тед, а во една пригода била повикана и како дел од неговата одбрана.
Тогаш Тед ја запросил во судницата.
