Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна?
На почетокот тие не можеле да најдат свештеник кој ќе ги венча, а управителите им забраниле да ја користат црквата во затворот.
Сепак, како поранешен студент по право, Тед успеал да најде „дупка“ во законите во Флорида, па тие се венчале во 1980-та, во судница, а венчавката била прикажана и на телевизија.
Откако на Тед Банди му била изречена смртната казна, му биле забранети посетите насамо со Керол.
Набрзо потоа таа забременила, но некои луѓе се скептични за тоа дали Тед навистина е таткото на детето.
Сепак, други истакнуваат дека Керол лесно ги поткупувала чуварите, па тие ѝ дозволувале да го види насамо. Според некои извори, чуварите дури и неколкупати ги начекале како имаат секс.
На 24-ти октомври 1982 година, се родила ќерка им Роуз, во период кога случајот со Тед Банди беше еден од најпознатите во САД, но и во светот.
И покрај тоа што Тед веќе бил обвинет за свирепите убиства, Керол не само што не престанала да го поддржува, туку ја носела и ќерка им во затворот кога го посетувала.
Во американските медиуми беа споделени и неколку семејни фотки направени во затворот.
Но, три години пред егзекуцијата на Тед во 1989-та, Керол поднела барање за развод.
Со ќерка им се иселила од Флорида и наводно Роуз никогаш повторно не го видела татко ѝ.
Оттогаш им се губи секаква трага на Керол и Роуз која денес би имала 40-тина години.
Има бројни теории за тоа што ѝ се случило на Роуз, но факт е дека никој не знае каде пораснала, каде учела или што работи.
Очекувано, како дете на еден од најозлогласените убијци, Роуз избрала живот далеку од очите на јавноста.
Се шпекулира и дека Керол си го променила името со цел да ја заштити Роуз, иако ова не е потврдено.
Поранешна колешка и пријателка н Тед Банди, од периодот пред да биде обвинет, има напишано книга за нејзиното пријателство со убиецот.
Во 2008 година, во реиздание на книгата (The Stranger Beside Me), писателката Ен Рул сподели дека ни таа не знае каде е ќерката на Тед.
„Имам слушнато дека ќерката на Тед е добра и интелигентна млада жена, но немам поим каде живее ни таа ни мајка ѝ. Поминаа низ доволно болка“, пишува во книгата.
Потоа, на нејзиниот веб-сајт, таа напиша:
„Намерно избегнувам да дознаам што било за поранешната сопруга на Тед и неговата ќерка бидејќи заслужуваат приватност.
Не сакам да знам каде се и не сакам некој новинар изненадно да ми постави прашање за нив. Сè што знам е дека ќерката на Тед пораснала во културна млада жена“.
Спирова С. | Црнобело
