„Се разбудив за време на операција – немаше болка, но ги чувствував рацете на хирургот во стомакот“

Многу луѓе се плашат од можноста да се разбудат среде операција. Ако и вие спаѓате овде, можеби ќе ве утеши фактот дека ова се случува многу ретко, а дури и кога ќе се случи, шансите да чувствувате болка се минимални. Во ваква ситуација се нашла повозрасна жена од Англија на која правеле операција на дебелото црево…

se-razbudiv-za-vreme-na-operacija-nemashe-bolka-no-gi-chuvstvuvav-racete-na-hirurgot-vo-stomakot-01.jpg

Пред операција, многу луѓе се плашат од помислата дека ќе се разбудат среде процедурата и ќе почувствуваат сè.

Иако ова се случува многу, многу ретко, а анестезиолозите секогаш ја следат состојбата на пациентот и нема да дозволат тој да почувствува нешто, стравот сепак си постои.

69-годишна Британка се нашла во ваква ситуација и иако за момент била свесна, истакнува дека не почувствувала никаква болка, но искуството било непријатно.

se-razbudiv-za-vreme-na-operacija-nemashe-bolka-no-gi-chuvstvuvav-racete-na-hirurgot-vo-stomakot-03.JPG

Барбара била во операционата сала и мислела дека сонува кога почнала да ги слуша придушените гласови на лекарите околу неа.

Ѝ правеле операција на дебелото црево и иако не чувствувала болка, чувствувала како нешто се движи во нејзиниот стомак.

„Прво помислив дека операцијата е готова и дека сум во болничка соба. Но, тогаш почувствував раце во мојот стомак. Немаше болка, само чувство дека нешто се случува во стомакот.

Сфатив дека операцијата уште трае, но лекарите не знаеја дека се разбудив. Сакав да викам, но не можев да ја мрдам главата или да ја отворам устата. Не можев да направам ништо. Бев преплашена“.

se-razbudiv-za-vreme-na-operacija-nemashe-bolka-no-gi-chuvstvuvav-racete-na-hirurgot-vo-stomakot-05.JPG

Барбара сфатила дека ќе мора некако да им го привлече внимание на лекарите, па целата сила ја насочила кон тоа да придвижи барем еден дел од телото. Успеала да мрдне со малиот прст на едната дланка и почувствувала како некој ја допира.

„Потоа повторно заспав и кога се разбудив, бев во болничка соба. Операцијата беше завршена“.

Бараба вели дека перцепцијата за време ѝ била изместена, па не знаела колку долго била будна.

„Ми изгледаше како да трае цела вечност, но веројатно било само неколку секунди“.

se-razbudiv-za-vreme-na-operacija-nemashe-bolka-no-gi-chuvstvuvav-racete-na-hirurgot-vo-stomakot-08.JPG

По операцијата, Барбара ја посетиле анестезиолозите кои биле во операционата сала и едниот од нив ѝ се извинил.

„Само ми рече: ’Извини, јас бев виновен‘. Откако целосно ми помина дејството на анестезијата бев гневна бидејќи не ми кажаа ништо друго. Само тоа извинување“.

Сепак, Барбара вели дека не сакала да му ја уништи кариерата на младиот лекар, па не пријавила ништо, иако вели дека е малку трауматизирана и гневна од целата ситуација.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ги однесов моите деца-тинејџери на операција за скратување на желудникот, за да не се малтретираат ... „Пробував да им готвам здрави оброци, но многу сакаат пржена и мрсна храна. Една...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава