„Се разбудив за време на операција – немаше болка, но ги чувствував рацете на хирургот во стомакот“

Претходно на Барбара ѝ биле направен низа операции и дотогаш немала ниту еден проблем со анестезијата.

Поради ова, била уверена дека и оваа операција ќе помине без проблеми.

se-razbudiv-za-vreme-na-operacija-nemashe-bolka-no-gi-chuvstvuvav-racete-na-hirurgot-vo-stomakot-7.JPG

Сега, пак, ја споделува својата приказна не за да ги исплаши луѓето, туку за да ја зголеми свесноста за оваа појава и потребата од поддршка на пациентите по ваков случај.

„Лекарите треба да бидат свесни дека нивните пациенти може да се разбудат, да признаат кога ќе се случи тоа, а потоа да им ја дадат потребната поддршка“.

se-razbudiv-za-vreme-na-operacija-nemashe-bolka-no-gi-chuvstvuvav-racete-na-hirurgot-vo-stomakot-04.JPG

Според Daily Mail, дури 74% од пациентите се плашат дека ќе се разбудат среде процедурата.

Но, универзитетскиот професор и анестезиолог Џонатан Хардман вели дека дури и кога ќе се случи ова, реткост е пациентот да почувствува болка, а може да биде само делумно свесен.

se-razbudiv-za-vreme-na-operacija-nemashe-bolka-no-gi-chuvstvuvav-racete-na-hirurgot-vo-stomakot-02.JPG

Тој вели и дека ова настанува како резултат на клиничка грешка, а соодветната доза на анестезијата зависи од многу фактори како возраст и тежина.

„Наједноставно кажано, на помладите пациенти им треба повисока доза, а на постарите пониска.

На потешките пациенти им треба поголема доза и од други лекови бидејќи обично се пресметува според килограмите.

Дозата може да се модифицира и според други фактори“.

se-razbudiv-za-vreme-na-operacija-nemashe-bolka-no-gi-chuvstvuvav-racete-na-hirurgot-vo-stomakot-06.JPG

Тој вели дека анестезиолозите постојано го набљудуваат пациентот и ефектот на анестезијата за време на операцијата, па веднаш можат да прават корекции доколку има потреба.

Ова значи дека дури и пациентот да почне да се буди, веднаш реагираат.

„Ги набљудуваме пулсот, крвниот притисок, дишењето – промените во овие параметри може да покажат ако има можност пациентот да стане свесен.

Кога се набљудува сето ова, можноста пациентот да се разбуди драстично се намалува“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Ги однесов моите деца-тинејџери на операција за скратување на желудникот, за да не се малтретираат ... „Пробував да им готвам здрави оброци, но многу сакаат пржена и мрсна храна. Една...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава