Препарирани животни како украси, гости со морничави маски: Бизарни фотки од легендарниот бал на Ротшилдови од 1970-тите
Десертот дефинитивно бил еден од најбизарните детали – огромна фигура во форма на гола жена направена од шеќер.
Како што веќе спомнавме, за украсувањето се погрижил Салвадор Дали, а истовремено дизајнирал и дел од костимите на гостите.
Домаќинката, Мери, носела глава од елен на која имало солзи направени од вистински дијаманти.
Овде била и Одри Хепберн која на настанот дошла со огромен кафез за птици на главата.
Меѓу присутните биле актерките Брижит Бардо и Грејс Кели, како и познатиот моден дизајнер Ив Сен Лоран.
Целиот бал до денес е обвиен со мистерија, додека некои го сметаат за легендарен.
Постојат гласини дека она што се случувало на балот било инспирација за култниот филм на Стенли Кјубрик – Eyes Wide Shut – но ова не е потврдено.
Сцена од филмот на Кјубрик
Референца за балот има и во познатата серија Squid Game – богаташите кои ги гледаат игрите носат маски во форма на животински глави, слично како гостите на балот.
Сцена од Squid Game
Според оние кои веруваат во теории на заговор, на балот имало многу окултни симболи, а некои одат дотаму што велат дека можеби гостите правеле некаков ритуал.
Други, пак, велат дека на балот имало многу симболи кои се поврзуваат со масоните и илуминатите.
Некои веруваат дека морничавите кукли укажувале и на човечки жртви.
Ништо од ова не е потврдено и најверојатно балот бил само ексцентричен собир на елитата.
Но, кога ќе ги погледнете фотографиите, но и ќе го земете предвид случајот со Џефри Епстин, станува јасно зошто настанот поттикнува секакви теории на заговор.